Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Повик за ангажирање на ИТ компанија за креирање на електронска база на податоциза центарот за правна помош на жените кои претрпеле семејно насилство

Здружение ЕСЕ започна со реализација на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од  Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.  

Во рамките на наведениот проект предвидено е креирање на посебна база на податоци за собирање и анализа на податоци за корисничките на услугите на Центарот за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство. Постоечката (аксес) база на податоци која се користи од отворањето на ЦПП во 2002 година потребно е да се замени со нова база на податоци која ќе овозможи полесно собирање, односно анализирање и генерирање на податоците.   

За таа цел, Ве молиме да ни доставите понуда за креирање на база на податоци, која треба да содржи основни информации за корисничките, информации за проблемите со кои се соочуваат и информации за преземените дејствија од страна на ЦСР за надминување на проблемите на жените кои претрпеле семејно насилство. Информациите се документираат во едно досие со посебен реден број за секоја корисничка.

Во делот кој следи образложена е содржината на податоците кои ќе се собираат, како и анализата и прикажувањето на собраните податоци. 

1.1. СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Во делот кој следи објаснета е содржината на податоците кои се собираат во базата на податоци.

Содржина на почетен формулар

При секоја прва посета на корисничката се пополнуваат податоците во почетниот формулар (за секоја корисничка има еден почетен формулар):

 Основни податоци за корисничката: име и презиме; пол; национална припадност; образование; работен статус; адреса на живеење; постоечка или нова корисничка;

- Видот на претрпено семејно насилство и облиците на физичко, психолошко, сексуално насилство;

- Правните проблеми на корисничката: заштита од акти на насилство, развод, старателство, издршка и др;

- Претходно преземени дејствија од страна на корисничката: дали го пријавила, во која институција се обратила, до каде е случајот итн;

- Услугите кои се обезбедени од страна на ЦПП за надминување на наведените проблеми: правен совет; подготовка на писмени поднесоци (тужби, жалби, приговори и др.); упатување во надлежна институција; придружување, судско застапување;

- Следни договорени дејствија помеѓу ЦПП и  корисничката.  

Содржина на последователен формулар 

Секоја следна посета на корисничката се евидентира во посебен последователен формулар (на пр. доколку една корисничка ја посетила канцеларијата три (3) пати, за неа ќе имаме еден почетен и два последователни формулари).

- Податоци за следните договорени дејствија со корисничката (последната рубрика од почетниот формулар);

- Податоци за тоа дали се преземени договорените дејствијата од страна на ЦПП и клиентот;

- Податоци за Услугите кои се обезбедени од страна на ЦПП за надминување на наведените проблеми: правен совет; подготовка на писмени поднесоци; упатување во надлежна институција; придружување и др. (исто како и во почетниот формулар);

-  Податоци за следни дејствија кои треба да се преземат од страна на корисничката или од страна на ЕСЕ.

-  Податоци за епилогот на постапките пред надлежните институции: дали се завршени, дали се решени во корист на корисничката итн.

Дополнителни податоци: Покрај наведените податоци, во досието кај секоја корисничка да постои можност за собирање на дополнителни податоци во рамките на одредени истражувања и анализи кои ги спроведува ЕСЕ.

Содржина на стара база на податоци

При креирањето на базата на податоци, потребно е преземање на податоците од старата база на ЦПП во обем и содржина договорени во консултации со ЕСЕ

1.2. АНАЛИЗА И ПРИКАЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Во делот кој следи наведени  се различните категории на збирни податоци кои треба да ги генерира и вкрстува базата.  

а)  Генерирање/прикажување на следните категории за определен временски период  со наведување на почетен и краен датум: 

  1. Оновните податоци за корисничките.
  2. Вид на претрпено насилство.
  3. Вид на правни проблеми со кои се соочуваат.
  4. Дејствија кои ги презеле за надминување на проблемите.
  5. Вид на правна помош обезбедена од страна на ЦПП (совети, поднесоци).
  6. Податоци за предмети селектирани за судско застапување (број на предмети, во која фаза се и кои дејствија се преземени, дали е надминат проблемот).
  7. Дополнителни податоци од истражувања и анализи спроведени со корисничките: искористеност на правото на ослободување од судски трошоци,   правото на издршка и др.

б) Меѓусебно вкрстување на податоците од сите наведени категории (на пр.  работен статус или место на живеење со вид на преземени дејствија; вид на претрпено насилство со вид на правни проблеми или преземени дејствија и др.).  

Соддржината на базата на податоци ќе биде креирана во консултации со Здружение ЕСЕ, вклучително и тесирањето на базата по нејзиното креирање.

2. Критериуми за избирање на понудата

- Искуство во осмислување и креирање на електронски бази на податоци;

-  Искуство во работа со граѓански организации;

-  Цена на понудата.    

 3. Потребни документи за аплицирање на повикот

- Детална понуда за креирање на електронска база на податоци

- Референтна листа на претодно подготвени продукти од ваков вид

- Листа на соработки со ГО.

 4. Временски рок

Рокот за извршување на задачите е 1ви мај, 2021 година.   Ве молиме доколку сте заинтересирани потребните документи да ги доставите на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Повик за ангажирање на ит компанија за креирање на електронска база на податоциза центарот за правна помош на жените кои претрпеле семејно насилство“, најдоцна до  22 март, 2021 година.

                      

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар