Повик за ангажман на компанија - За спроведување на истражување за пристапот до примарна здравствена заштита за Ромите и руралното население во Република Северна Македонија

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

Во рамки на годишната Програма за работа на Здружение ЕСЕ за 2022 година, која е кофинансирана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, спроведуваме активности за унапредување на пристапот до примарна здравствена заштита за Ромите и лицата кои што живеат во рурални средини во Р. Северна Македонија. Активностите ќе се спроведуваат во периодот од септември до декември 2022 година.

Со поддршка обезбедена од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија број, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на компанија во периодот од септември до декември 2022 година за спроведување на следните активности:

  1. Техничко ревидирање на прашалникот
  2. Изготвување на скрипта (програмски прашалник)
  3. Обука за анкетари
  4. Изготвување на Дата База во СПСС и ексел
  5. Валидизација (чиста и лабелирана дата база)
  6. Обработка на податоците, фрекфенции и вкрстени податоци
  7. Наративен извештај на македонски јазик, со вклучен графички приказ
  8. Наративен извештај на англиски јазик во вклучен графички приказ

Компанијата треба да ги имаат следните квалификации:

- најмалку петгодишно искуство во спроведување на истражувања.

Буџет

За ангажманот на компанијата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 1.300 ЕУР што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ во РСМ. Исплатата на надоместокот ќе се изврши во една транша по спроведувањето на претходно наведените активности.

Потребна документација за аплицирање

- Кратка биографија на сите експерти кои ќе се вклучан во ангажманот од страна на компанијата.

- Листа на спроведени истражувања од страна на компанијата

Податоците и материјалите кои ќе се добијат како продукт на овој ангажман остануваат во сопственост на Здружението ЕСЕ и истите ЕСЕ може да ги користи во своите редовни активности.

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака „Повик за истражување за пристапот до примарна здравствена заштита за Ромите и руралното население во Република Северна Македонија”, најдоцна до 12 септември 2022 година