Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Прашања на кои работиме

 

Женско здравје 

Женското здравје претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба  на жените која истовремено е детерминирана  од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.  ПОВЕЌЕ...

Здравјето на Ромите

Во Република Македонија според пописот од 2002 година живеат 53 879 припадници на ромската етничка заедница, што претставува 2,66 % од вкупната популација. Меѓутоа, според други студии што се базираат на различни истражувачки техники, се укажува дека реалната бројка на ромското население е поголема, односно дека во Македонија живеат приближно од 80 000 до 135 000 Роми.  ПОВЕЌЕ...

Фискална транспарентност и отчетност

Транспарентноста – отвореноста во постапката на планирање, креирање и имплементација на државните политики, а особено транспарентноста во однос на  планирање и спроведување на јавните финансии, е клучен елемент за добро владеење. Буџетот претставува еден од најважните документи, односно тој претставува спој на  сите актуелни владини политики кои се остваруваат со негова реализација.  ПОВЕЌЕ...
 

Социјална Отчетност за Родова Еднаквост

Согласно меѓународните и националните стандарди со кои се уредува полето на вработување, секој граѓанин има право на вработување и пристап до пазарот на трудот. Правото на вработување на секој граѓанин го гарантира државата во која истиот живее преку спроведување на активности и воведување на политики и мерки кои ќе им овозможат на сите граѓани да имаат пристап до пазарот на трудот и да бидат вработени, особено на граѓаните од маргинализираните заедници. ПОВЕЌЕ...
 

Мониторинг на спроведување на човековите права

Наш императив е определбата да се работи во насока на промовирање и унапредување на човековите права, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Оттука, сериозен сегмент од нашето работење претставува континуирано следење на состојбите во однос на нивното спроведување соодветно на меѓународно прифатените стандарди за човекови права.  ПОВЕЌЕ...
 

Оцена на степенот на правна и судска заштита

Работејќи на полето на насилство врз жените, нашиот фокус е насочен и кон добивање на првични сознанија во однос на  појавите на психичко и сексуално вознемирување врз жените на работното место.  Во оваа насока реализираме истражувачки активности што имаат за цел да ја утврдат застапеноста на појавите, но исто така да го утврдат институционалниот одговор, односно формалното постапување на институциите во случаи на психичко и сексуално вознемирување на работното место.

ПОВЕЌЕ...

 

 Социјална Отчетност за Родова Еднаквост

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар