Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    1. Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    2. Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    3. Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

Женското здравје претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените и мажите имаат различни здравствени потреби што се условени од нивните биолошки разлики, социоекономските услови и културолошките разлики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот.

Ова право на жените е признато во бројни меѓународни инструменти. Во Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените, правото на здравје на жените е регулирано во Член 12, кој гласи: „1. Државите членки преземаат соодветни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во областа на здравствената заштита за да можат, врз основа на рамноправноста на жените и мажите, да обезбедат достапност на здравствените услуги, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на планирањето на семејството. 2. Без оглед на одредбата од став 1 на овој член, државите членки на жените за време на бременоста, раѓањето и во периодот по раѓањето на детето, кога е потребно, им обезбедуваат соодветни бесплатни здравствени услуги и соодветна исхрана за време на бременоста“. Значајни меѓународни документи од оваа област претставуваат и: Универзалната декларација за човекови права, Пекиншката декларација и платформа за акција, Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН за жени, мир и безбедност, Милениумската декларација, Милениумските развојни цели и др.

Потребите на жените во однос на здравјето и здравствената заштита се препознати и се уредени во домашното законодавство, пред сè во Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Законот за заштита на правата на пациенти, како и во Програмите на Владата на РМ, кои се во надлежност на Министерството за здравство.

Меѓутоа, и покрај соодветната законска регулатива и постигнатиот напредок во однос на унапредување на здравјето на жените во Р Македонија, сепак опфатот на жени со специфични услуги за женското здравје на примарно ниво не е подеднаков за сите жени на територијата на Р Македонија. Особен проблем со овие услуги претставува опфатот на жените од маргинализираните групи, од кои предничат жените Ромки, жените од руралните средини и жените што живеат во неповолни социоекономски услови. Поради тоа  од особено значење е доследно спроведување на веќе усвоените политики и мерки за унапредување на здравјето на жените, како и вклучување на специфични активности наменети за ранливите категории жени во постојните здравствени политики.

 

Мониторинг и анализа на програмата за рана детекција на малигни заболувања

Преку работата насочена кон оваа Програма, работиме на полето на унапредување на опфатот на жени во Република Македонија со превентивни здравствени услуги за рано откривање и навремено лекување на малигни заболувања на грлото на матката и на дојката. 

Овие активности ги преземаме преку континуиран мониторинг на имплементација на активностите и трошењето на буџетските средства од оваа Програма, а воедно соработуваме и со релевантни експерти на ова поле со цел да ги утврдиме проблемите и да предлагаме мерки за унапредување на состојбите.

Мониторингот на Програмата на национално ниво го вршиме преку прибирање и анализа на податоци од надлежните здравствени установи, користејќи ги механизмите што се предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така вршиме мониторинг во однос на опфатот на жените Ромки од општините Шуто Оризари, Делчево, Пехчево и Виница со активностите од Програмата. По направените анализи подготвуваме детални извештаи од спроведениот мониторинг, а добиените наоди ги користиме за застапување и унапредување на состојбите. При тоа во континуитет ги застапуваме пред надлежните институции, пред сè Министерството за здравство и Министерството за финансии со цел поголем опфат на жени со превентивни здравствени услуги од Програмата. 

Воедно континуирано ги информираме граѓанските организации и јавноста во однос на наодите од мониторингот на оваа Програма преку јавни настани и конференции за печат.

 

 

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар