Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Мониторинг на спроведување на човековите права

 

Наш императив е определбата да се работи во насока на промовирање и унапредување на човековите права, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Оттука, сериозен сегмент од нашето работење претставува континуирано следење на состојбите во однос на нивното спроведување соодветно на меѓународно прифатените стандарди за човекови права.

Мониторирањето подразбира будно следење на состојбите на прекршување на човековите права на национално ниво, притоа имајќи ги предвид обврските на нашата држава како потписничка на меѓународни договори, да ги почитува (да се воздржи од активности со кои ќе се прекршат или ќе се ограничат човековите права), да ги заштити (да преземе мерки со кои ќе осигура дека правата нема да бидат нарушени или прекршени од други актери) и да ги исполни и промовира човековите права (да преземе мерки со кои ќе осигура остварување и уживање на тие права и да ја подигне свесноста за човекови права).

Мониторингот во однос на имплементација на човековите права го вршиме преку сеопфатни истражувања за положбата на повеќе ранливи групи во општеството со фокус на положбата на Ромите и жените, при што по направените истражувања известуваме за состојбите пред соодветните меѓународни договори на национално ниво. Процесот на мониторирање вклучува оценка на усогласеноста на домашното законодавство и другите политики со меѓународно утврдените стандарди и норми од една страна, како и утврдување на фактичката состојба, од друга страна.

Известувањата (извештаите во сенка) ги користиме како суштествена алатка за застапување на национално и на меѓународно ниво заради унапредување на состојбите во однос на човековите права. На овој начин преку нашите препораки придонесуваме кон промена и подобрување на законодавството, политиките и воопшто состојбата со човековите права. 

Дополнителен сегмент од следењето на состојбите во однос на степенот на спроведување на човековите права претставува и документирање на случаите на непочитување и нивно прекршување. Како резултат на овој процес, во соработка со останатите здруженија на граѓани преку методот на иницирање на стратешки случаи на прекршување на човековите права, придонесуваме кон значителни промени и подобрување на законите, политиките и праксата во областите во кои работиме.

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар