Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Вовед

Спојување на концептите на социјална отчетност и правно оспособување

Социјалната отчетност се дефинира како „пристап кон градење на отчетност што се заснова на учество на граѓаните во процесот, односно пристап во кој граѓаните и/или граѓанските организации учествуваат директно или индиректно во процесот на барање на отчетност“. Социјалната отчетност денес во светот претставува проминентен пристап што има за цел зголемување на ефективноста на политиките, унапредување на управувањето и зајакнување на односот помеѓу државата и граѓаните.  ПОВЕЌЕ...

Мониторинг на транспарентноста и отчетноста на јавните институции

Транспарентноста и отчетноста во работењето на јавните институции е важен елемент за ефективно управување со јавните финансии. Тие помагаат во градењето на доверба кај јавноста, во работењето на јавните институции и придонесуваат за одржливост во спроведувањето на јавните политики. Транспарентноста, исто така, претставува и прозорец кон буџетското работење на државата, помагајќи ѝ на јавноста да ги повикa надлежните институции на одговорност. ПОВЕЌЕ...

Мониторинг на човекови права

Зајакнувањето и практикувањето на човековите права, особено женските човекови права  е важно за постигнување на отворено, одговорно и демократско општество.  Определбата да се работи во насока на унапредување на човековите  права  подразбира  константен процес на следење на состојбите и вршење на контрола во однос на нивната имплементација на национално ниво. ПОВЕЌЕ...

Оцена на степенот на правна и судска заштита

Оцената на степенот на правна и судска заштита за жените жртви на насилство и дискриминација се прави врз основа на континуирано следење на правната рамка и политики на ова поле, односно нивна усогласеност со релевантните меѓународни и регионални стандарди за заштита на женските човекови права. Покрај формално-правната усогласеност на правната рамка се прави и оцена на степенот на нејзиното имплементирање во пракса од страна на надлежните институции. ПОВЕЌЕ...

Обезбедување на правна, психолошка и здравствена информација и помош на ранливи категории на жени

Општата определба на ЕСЕ е работа на полето на женските човекови права како дел од општите човекови права. Неодминлив дел од работата на ова поле преставуваат активностите за зајакнување на жените со цел истите да ги остварат своите права, односно, обезбедувањето на информации и помош на жените на кои оваа помош им е повеќе од неопходна.  ПОВЕЌЕ...

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар