Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    1. Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    2. Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    3. Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

Транспарентноста и отчетноста во работењето на јавните институции е важен елемент за ефективно управување со јавните финансии. Тие помагаат во градењето на доверба кај јавноста, во работењето на јавните институции и придонесуваат за одржливост во спроведувањето на јавните политики. Транспарентноста, исто така, претставува и прозорец кон буџетското работење на државата, помагајќи ѝ на јавноста да ги повикa надлежните институции на одговорност. Мониторингот и оценувањето на нивото на транспарентност и отчетност на јавните институции има за цел да утврди дали власта ги почитува основните критериуми за транспарентно и отчетно работење утврдени со меѓународни и национални стандарди. Процесот на мониторинг и оценување опфаќа мерење на обемот на јавно достапните документи за буџетското и програмското работење на јавните институции и оценка на почитувањето на нормите предвидени во важечкиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Македонија.

  • Реактивната транспарентност на институциите се мери преку анализа на постапките за пристап до информации од јавен карактер за секоја институција поодделно. Работењето на секоја институција се оценува од аспект на пет параметри, и тоа: број на одговорени барања во редовна постапка; број на нецелосно одговорени барања во редовна постапка;  број на одбиени барања или запрени постапки од страна на имателите на информации од јавен карактер; број на барања по кои имателите молчеле; и просечен период на одговарање на доставени барања во редовна и жалбена постапка. 
  • Проактивната транспарентност на институциите се мери преку спроведување мониторинг на објавувањето или необјавувањето на клучни документи и информации, како на пример: стратегија за работа, годишна програма за работа, предлог‑буџет и донесен буџет, месечни и полугодишни извештаи за програмско и буџетско работење,  предлог‑сметка и усвоена завршна сметка, информации за поднесување на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, лица одговорни за посредување со информации од јавен карактер итн. 

 Преку мониторингот на транспарентноста и отчетноста на јавните институции ЕСЕ има за цел:

  • поттикнување и поддржување на напорите на јавните институции за унапредување на нивото на транспарентност и отчетност во работењето;
  • менување и креирање на националните напори за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на јавните институции;
  • зголемување на свесноста на граѓаните за нивното основно право за информираност за работењето на јавните институции и слободен пристап до информации од јавен карактер;
  • зголемување на свесноста помеѓу јавната администрација за нивните обврски за траспарентно и отчетно работење што произлегуваат од националните политики;
  • унапредување на проактивноста во работењето на јавните институции и зголемување на обемот на јавно достапни документи и информации што се однесуваат на финансиското работење на јавните институции;
  • зголемување на квалитетот на документите и информациите со кои располагаат јавните институции;
  • олеснување на процесот на комуникација и размена на информации помеѓу граѓаните и јавните институции;
  • промовирање на добрите практики за транспарентно и отчетно работење на други земји на национално ниво;
  • вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесите на  донесување и следење на спроведувањето на јавните политики.

 

Сакате да дознаете повеќе...

Регулирање на
транспарентноста во работењето
на институциите

Слободен пристап до
информации од јавен
карактер

Меѓународни
иницијативи
и учество

Оцена на нивото
на реактивност и
проактивност

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар