Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Оцена на степенот на правна и судска заштита

Оцената на степенот на правна и судска заштита за жените жртви на насилство и дискриминација се прави врз основа на континуирано следење на правната рамка и политики на ова поле, односно нивна усогласеност со релевантните меѓународни и регионални стандарди за заштита на женските човекови права. Покрај формално-правната усогласеност на правната рамка се прави и оцена на степенот на нејзиното имплементирање во пракса од страна на надлежните институции. Предмет на оцена се генералните одредби за заштита на основните човекови слободи и права, како и специфичните законски одредби што ја регулираат заштитата на одделни ранливи групи жени жртви на дискриминација и насилство, при што посебен фокус е ставен на улогата на судството во обезбедување заштита на жртвите и повикување на одговорност на сторителите на насилство.

Концептот на оцена на степенот на правна и судска заштита се применува за адресирање на состојбата на различните групи жени жртви на родово засновано насилство: семејно насилство, сексуално насилство, трговија со жени, сексуални работнички, жртви на психолошко и сексуално вознемирување на работното место. Суштинско е вклучувањето на жените жртви на насилство во сите фази од овој процес. Впрочем, основна карактеристика на овој пристап е партиципативноста на сите надлежни институции, граѓански организации и активното и значајното вклучување на претставници на ранливите групи. Паралелно, составен дел на овој пристап е идентификувањето, подготовката и застапувањето на стратешки случаи на родово засновано насилство пред националните, регионалните и меѓународните механизми за заштита на женските човекови права.

Методолошки во однос на оцената на правната заштита ЕСЕ применува повеќе алатки, односно: анализа на содржината на релевантните политики и закони; експертски интервјуа со претставници на надлежните институции; фокус‑групи со жените жртви на насилство. Судското набљудување е посебен методолошки инструмент што се применува за оцена на постапувањето на судиите во граѓанските и кривичните постапки за  заштита на жените жртви на дискриминација и насилство. Притоа за оваа намена се развиени посебни прашалници т.н. формулари  за следење на тековните судски постапки поврзани со родово засновано насилство. За промовирање на наодите од оцената се организираат прес‑конференции, како и форуми за судиите и претставниците на надлежните институции со цел подготовка на препораки за подобрување на правната рамка и постапување на судиите на ова поле.  

Со примената на овој сеопфатен пристап придонесуваме за:

  • оцена на целокупната правна рамка за заштита на женските човекови права и подготовка на препораки за менување и дополнување на политиките и законите;
  • оцена на степенот на судска заштита и зајакнување на капацитетите на судиите за примена на меѓународните и регионалните стандарди за заштита на жените жртви на дискриминација и насилство;
  • зајакнување на улогата на граѓанските организации и поефективно обезбедување правна помош на разните ранливи групи жени.

 

Сакате да дознаете повеќе...

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар