Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Мониторинг на човекови права

 

Зајакнувањето и практикувањето на човековите права, особено женските човекови права,  е важно за постигнување на отворено, одговорно и демократско општество.  Определбата да се работи во насока на унапредување на човековите  права  подразбира  континуиран процес на следење на состојбите во однос на  нивното спроведување на национално ниво.

Процесот на следење на спроведувањето на човековите права подразбира сеопфатна и комплексна проценка на степенот на нивно спроведување на национално ниво соодветно на меѓународно прифатените стандарди, вклучувајќи и проценка на усогласеноста на домашното законодавство и постојните политики од една страна, како и утврдување на фактичката состојба, од друга страна.  Дополнителен сегмент од следењето на состојбите во однос на степенот на спроведување на човековите права претставува и документирање на случаите на непочитување и нивно прекршување.

Концептот на следење на степенот на спроведување на човековите права претставува значаен дел во  работењето на ЕСЕ. Имено, овој концепт здружение ЕСЕ го применува  на повеќе полиња од интерес и тоа: женските човекови права; женското здравје со особен фокус на сексуалното и репродуктивното здравје; правата на пациентите  и здравјето на Ромите.

Преку воспоставените механизми за следење на човековите права со инструментот на подготовка на „извештаи во сенка“ служиме како коректив на неправилната дисперзија на човековите права, особено правата на жените. Како резултат на следењето на меѓународните документи и нивната имплементација на национално ниво, досега ги подготвивме следниве извештаи во сенка: извештај кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW, 2005, 2013 и извештајот Follow up во 2015 год.), кон Меѓународната повелба за економски, социјални и културни  права  (ICESCR, 2007 и 2016 год.), Меѓународната повелба за граѓански и политички права  (ICCPR, 2007), кон Конвенцијата  против тортура (CAT, 2008 год.), како и поднесок во рамки на Универзалниот периодичен преглед до Советот за човекови права при ОН (2013 год.)

Обезбедувајќи  им помош и поддршка на ранливите категории жени преку Центарот за правна помош, Психолошкото советувалиште и Здравствениот информативен центар вршиме документирање на случаите на непочитување и прекршување на правата на жените на полето на семејно насилство и спроведување на здравствените права. 

  • унапредување и поттикнување на ефективното почитување на човековите права на различни маргинализирани групи граѓани (жени, жртви на семејно насилство, жени Ромки, жени од рурални средини, жени со неповолен општествено‑економски статус, Роми и др.);
  • утврдување на сферите на загриженост и препораки со цел менување и унапредување на домашното законодавството, политиките  и воопшто состојбите на полињата од интерес на национално  ниво;
  • зголемување на степенот на отчетност и одговорност на државата во однос на почитување и спроведување на меѓународно прифатените обврски за правата на човекот;
  • унапредување на соработката и партнерството меѓу граѓанските организации  во однос на преземање на заеднички иницијативи на национално и на локално ниво во насока на почитување и спроведување на човековите права.

 

Сакате да дознаете повеќе...

Меѓународни документи и механизми
за заштита на човековите права

Регионални документи и механизми
за заштита на човековите права

Извештаи во сенка
подготвени од ЕСЕ

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар