Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Обезбедување на правна, психолошка и здравствена информација и помош на ранливи категории на жени

 

Општата определба на ЕСЕ е работа на полето на женските човекови права како дел од општите човекови права. Неодминлив дел од работата на ова поле претставуваат активностите за поттикнување на жените да ги остварат своите права, односно обезбедување информации и помош на жените на кои оваа помош им е неопходна.

Поаѓајќи од нашата определба за унапредување на положбата на жената во правниот и во здравствениот систем, уште од 2002 година ЕСЕ започна да го применува концептот на обезбедување директна помош и поддршка преку отворање и функционирање на Центарот за правна помош и Психолошкото советувалиште наменети за жените жртви на семејно насилство и Здравствениот информативен центар  на жените без оглед на нивната возраст, финансиска состојба и етничка припадност.

Преку обезбедување правна, психолошка и здравствена помош и информации на ранливите категории жени придонесуваме кон:

  • овозможување на соодветна и навремена правна заштита на жените жртви на семејно насилство;
  • запознавање со можностите за заштита од семејно насилство;
  • овозможување психолошка помош и совети, вклучувајќи и: примарна психолошка помош, итна интервенција за заштита од насилство, психолошка помош и поддршка во услови на долготрајна изложеност на насилство и кризна интервенција за жените жртви на семејно насилство;
  • овозможување бесплатна, квалитетна и доверлива здравствена информација и поддршка за проблемите поврзани со здравјето на жените, како што се: менопауза, остеопороза, контрацепција, сексуално преносливи инфекции, совети за млади и други теми од областа на репродуктивното здравје;
  • зголемување на информираноста на жените за остварување на нивните права од областа на здравството и здравствената заштита;
  • обезбедување бесплатни здравствени услуги, какви што се: брзи тестови за одредување на шеќер, холестерол и триглицериди во крвта и мерење на крвниот притисок.

 

Центар за
правна помош

Психолошко советувалиште за
жртви на семејно насилство

Здравствен
информативен центар

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар