Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    1. Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    2. Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    3. Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

Нашата општа определба е работа на полето на женските права како дел од општите човекови права. Заради унапредување на положбата на жената во правниот систем во Република Македонија, формиравме центар за правна помош.

Нашата цел е давање бесплатна правна помош и заштита на жените на кои им е најпотребна, без разлика на нивната националност, религија и возраст.

Центарот за правна помош ќе го поттикне процесот на правно описменување на секоја жена и ќе овозможи нејзино активно вклучување во процесот на унапредување и заштита на нејзините права.

Центарот за правна помош Ви ги нуди следните услуги:

Бесплатни правни совети по телефон
     · Јавете ни се секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот,
     · ќе Ви дадеме соодветен правен совет,
     · ќе Ве упатиме до соодветна надлежна институција.

Бесплатно судско застапување 
     · Јавете ни се секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот,
     · ќе бидете примени од персоналот на Центарот за правна помош (ЦПП),
     · како потенцијална странка ќе биде разгледана вашата комплетна документација,
     · стручниот тим на ЦПП ќе оцени за понатамошните постапувања по вашиот случај.

Основен принцип на Центарот за правна помош е почитување на Вашето право на доверливост на изнесените информации.

Доменот на работа на Центарот за правна помош е:
     · брачни односи / развод на брак,
     · старателство,
     · издржување,
     · имотно‑правни односи,
     · наследни односи,
     · кривично-правна заштита,
     · социјална помош (совети и упатување),
     · психолошка поддршка.

Доколку сте жена жртва на семејно насилство, Ви нудиме:
     · бесплатни правни совети на цела територија на Р Македонија,
     · бесплатно судско застапување за оние случаи за кои се надлежни судовите во Скопје, Штип и Тетово.

Јавете ни се:
     · ако ви треба помош, но не знаете од каде да почнете,
     · ако не сте сигурни каков вид правна помош и заштита Ви се потребни,
     · ако сте ги исцрпиле сите можни начини,
     · ако едноставно не знаете кому понатаму да му се обратите,
     · можеме да разговараме за сите можни опции и решенија за Вашиот проблем.

ЕСЕ – Центар за правна помош – Скопје

02 3117-866

 

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар