Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Извршен одбор на ЕСЕ

 

Петти состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2014-2018)

Проф. д-р Елена Ќосевска - Претседателка на Извршниот Одбор
Кемал Исмаил - Заменик претседател на Извршниот Одбор
Дивна Змејковска
Наташа Бошкова
Асс. д-р. Блашко Касапинов

 

Проф. д-р Елена Ќосевска - Претседателка на Извршниот Одбор

Родена е 1958 година. По професија е лекар, специјалист по социјална медицина со организација на здравствената дејност. Дипломирала и специјализирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Во 2004 година докторирала на тема ”Улогата на здравствената едукација во превенција и намалување на ризик факторите за исхемичната болест на срцето во Република Македонија”. Вработенае во Институтот за јавно здравје - Скопје, како раководител на Секторот за промоција, анализа и превенција на незаразни болести и началник е на Одделението за здравствена промоција и здравствена едукација, историја на медицината и публицистика. Наставник е на Катедрата за Социјална медицина при Медицински факултет Скопје. Исто така наставник е по Социјална медицина на Стоматолошкиот факултет - Скопје и Филозофскиот факултет Скопје, на Институтот за социјални работи и социјална политика. Одлично го познава англискиот јазик.

Својата стручна наобразба ја има спроведено во CDC - Atlanta, USA; International Management of Public Health, School of Public Health, Tver, Russia; School of Public Health Jerusalem, Israel.

Национален соработник е на СЗО за унапредување на здравјето, како и за истражувањето за преваленца на употреба на тутун кај младите во РМ. Исто така е експерт задолжен од МЗ за соработка со ЕУРОСТАТ, СЗО, ОН и Државниот завод за статистика за доставување на податоци од здравствена статистика, здравствени индикатори (HFA-DB) и Милениумските цели. Претседател е на Специјалистичкото здружение на лекарите по социјална медицина при МЛД.

Автор е и коавтор на 80 стручни и научни трудови од областа на јавното здравство. Ментор е на магистерски и специјалистички трудови од областа на социјална медицина и пошироко - јавното здравство. Рецензент на стручни и научни трудови објавени во списанието на Македонско лекарско друштво „Македонски медицински преглед“ и списанието „Physioacta“ во издание на Здружението на физиолози на РМ.

 

Кемал Исмаил - Заменик претседател на Извршниот Одбор

Роден е на 24.02.1952 година. Кемал завршил виша машинска школа (енергетика) во Скопје. Во периодот од 1996 година до 2000 година бил член во: Собранието на општина Шуто Оризари; Градскиот совет; Извршниот одбор на Црвениот Крст  на општина Чаир и Собранието на Градскиот Црвен Крст. Од 2000 до 2004 година бил член на: Собранието на општина Шуто Оризари; Собранието на Општинскиот Црвен Крст Чаир;  претседателството на Градскиот Црвен Крст - Скопје и Комисијата на хуманитарна социјална  дејност во Републичкиот Црвен Крст. Од 2004 до 2008 година бил член на Собранието на Републичкиот Црвен Крст. Од 2008 до 2010 година бил  претседател на Комисијата за маркетинг на градскиот Црвен Крст. Од 2011 година членува во НВО ЦДРИМ каде работи како координатор на проектот за зголемување на степенот на имунизација на ромските деца на возраст од 0-5 години.

 

Дивна Змејковска

Родена е 1955 година. По професија е правник. Од 1992 година активно членува во Организација на жени на град Скопје, а од 1994година работи како операторка и консултант на СОС линија за жени и деца жртви на семејно насилство (од 2003 година оваа линија станува Национална СОС линија за жртви на семејно насилство). Таа работи и како едукатор за работа на СОС линија за жртви на семејно насилство и член е на  Национално координативно тело за семејно насилство. Една е од авторките на “Гласот на душата” - брошура за СОС линијата и прирачник за работа на СОС линија. Во граѓанскиот сектор е активна и како член на Извршниот одбор на Македонската платформа против сиромаштија во периодот од 2011 до 2014 година.

Од 1999 година до денес e претседателка на Синдикална организација на жени при Унијата на независни автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) и член на Извршниот одбор на УНАСМ. Во Унијата на синдикати извршувала повеќе функции меѓу кои: во периодот 2008 -2012 била Генерален секретар на УНАСМ и од 2013 година наваму е потпретседателка на УНАСМ. Во рамки на синдикатот таа е задолжена за развивање на програмата за работа, како и за планирање, спроведување и мониторинг на проектите, комуникација со донаторите, граѓанските организации, социјалните партнери и др. Како претставничка на синдикатот била член и на Координативното тело за општествена одговорност на компаниите во периодот 2007-2014 година.

 

Наташа Бошкова

Наташа е адвокатка, магистерка по родови студии на Центар за интередисциплинарни студии при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина. Професионалната кариера ја започнала како приправничка во адвокатска канцеларија, а подоцна е ангажирана во Министерството за животна средина и просторно планирање како правна советничка во Секторот за легализација и стандардизација. За време на постдипломските студии во Сараево, ангажирана е како помлада правна истражувачка на проект на канцеларијата на УНДП. Од 2008 година, Наташа е ангажирана како правна советничка во Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, а од 2009 година се зачленила  во Адвокатската Комора на Република Македонија и започнала со приватна пракса како адвокатка. Од 2010 година, започнува со застапување на случаи на повреди на човековите права на маргинализирираните заедници (лица кои употребуваат дроги, сексуални работници, лица кои живеат со ХИВ и ЛГБТ лица) и е дел од тимот на Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници. Таа е активна во областа на заштитата на човековите права и членува во национални и меѓународни мрежи на адвокати кои работат во оваа област.

 

Асс. д-р. Блашко Касапинов

Роден е 1978 година. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2003 година, а на истиот факултет во 2010 година го одбранил својот магистерски труд од областа на јавното здравство. Од 2006 година работно ангажиран е во Институтот за јавно здравје - Скопје во Секторот за промоција, анализа и превенција на незаразни болести. Од 2008 година е избран за асистент на Катедрата за Социјална медицина при Медицински факултет Скопје. Од 2011 година е вклучен во меѓународниот проект Healthgrouper како главен офицер за здравство и дел е од истражувачкиот тим. Во 2008 година има остварено повеќемесечен студиски престој како визитинг истражувач на Универзитетот Georgetown, Вашингтон. Одлично ги владее англискиот јазик како и јужнословенските јазици, поседува одлични компјутерски вештини и активно се служи со статистички софтвери. Автор е и коавтор на околу 30-ина стручни и научни трудови од областа на јавното здравство, a бил член на истражувачки тимови на 10-ина спроведени истражувања од областа на здравството. Рецензент е на стручни и научни трудови кои се објавуваат во списанието Macedonian Journal of Medical Sciences.

 


 

Четврт состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2009-2013)


Марија Савовска
Љатиф Исмаили
Билјана Герасимовска - Китановска
Доц. д-р Елена Ќосевска
Сарита Јашарова
Жарко Хаџи-Зафиров
Роза Топузова Каревска

 



Трет состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2005-2009)


Тања Темелковска - Миленковиќ - претседателка
Марија Савовска - заменик претседателка
Љубинка Басотова
Стојан Михов
Весна Џутеска Бишева
Љатиф Исмаили
Билјана Герасимовска-Китановска

 


 

Втор состав на Извршен одбор на ЕСЕ (2001-2005)


Татијана Темелкоска Миленковиќ
Љубинка Басотова
Стојан Михов
Афродита Шаља
Димитринка Јорданова – Пешевска
Душко Миновски
Марија Кишман Христовска
Мерита Мехмети
Сафије Деари

 


 

Прв состав на Извршен одбор на ЕСЕ (1997-2001)


Афродита Шаља
Димитринка Јорданова –Пешевска
Душко Миновски
Марија Кишман
Мерита Мехмети
Сафије Деари

Претседателот го претставува и застапува Здружението.
Билјана Герасимовска Китановска, магистер, специјалист по интерна медицина во во периодот од 1995 до 2005 година jа извршуваше функцијата претседателка на ЕСЕ.

 


 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар