Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Тимот на ЕСЕ


Јасминка Фришчиќ

Извршна директорка

Јасминка, од 1996 година е дел од тимот на ЕСЕ. Јасминка е на позицијата извршен директор на ЕСЕ од 1998 година, каде претходно работеше како координатор на правната програма. Дипломираше на правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и во моментот е на последипломски студии во областа на Развој на граѓанското општество на Универзитетот на Југоисточна Европа. Како извршна директорка на ЕСЕ, Јасминка работи во повеќе области, како: промоција на женските човекови права и концептот на родова еднаквост; промоција на концептот на мониторинг и анализа на буџети на национално и локално ниво; анализа и следење на степенот на спроведување на меѓународните документи за правата на човекот; промоција на човекови права во здравствената заштита; промоција и развој на правни, параправни и други видови на услуги за заштита на правото на здравје, особено правото на здравје на Ромите и др.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295


Марија Гелевска

Заменик извршна директорка и Раководител на Проект на USAID за правна заштита на жените

Марија, од 2000 година е дел од тимот на ЕСЕ. Работи како Заменик извршна директорка и ги координира активностите за мониторинг на човековите права и активностите за обезбедување на правна и психолошка помош. Марија, дипломираше правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” од Скопје и го положи правосудниот испит. Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи на промоција и застапување за: унапредување на женските човекови права и родова еднаквост; унапредување на човековите права во здравствена заштита/парава на пациенти; унапредување на положбата на жените жртви на семејно насилство; унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и зголемување на ефикасноста во планирањето и користењето на буџетите за социјална и здравствена заштита и  анализа и следење на меѓународни и домашните правни норми за заштита на женските права и човековите права, воопшто.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 103


Д-р Борјан Павловски

Координатор за Јавно здравје и Женско здравје

Борјан, од 2004 година е дел од тимот на ЕСЕ. Ги координира активностите поврзани со јавно здравје и здравје на жените. Дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје на отсек општа медицина и во моментот е на последипломски студии во областа на јавното здравство на истиот факултет. Заврши меѓународен последипломски курс за управување на здравствени системи и борба против сиромаштијата – социјални и здравствени методологии за развој. Има претходно работно искуство како асистент и координатор на програми во областа на здравството. Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи на промоција и застапување за: унапредување на женското здравје и здравјето на маргинализираните заедници, со фокус на Ромите; унапредување на пристапот до здравствените услуги на жените и маргинализираните лица, со фокус на Ромите; остварување правата од областа на здравството и човековите права воопшто за жените и маргинализираните групи; унапредување на буџетската транспарентност на здравствените институции и зголемување на нивната ефикасност во спроведување на мерки за превентивна здравствена заштита и користење на средствата од буџетите на национално и локално ниво.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 102


М-р Дарко Антиќ

Координатор за Мониторинг и анализа на буџети

Дарко, од 2011 година е дел од тимот на ЕСЕ. Ги координира активностите поврзани со мониторинг и анализа на буџети. Магистрираше на  Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје на отсек финансии и финансово право на тема “Правни аспекти на финансирање на јавен долг од домашни извори во РМ”, а дипломираше на  Економскиот Факултет во Скопје на отсек финансиски менаџмент на тема “Анализа на степенот на доверба на населението во банкарскиот сектор на РМ”. Има претходно работно искуство во областа на финансиите. Денес, како дел од тимот на ЕСЕ, Дарко работи на промовирање и застапување за: потребата од креирање на јавни буџети кои ќе овозможат подеднакво задоволување на потребите на сите граѓани; планирање и користење на средствата во буџетите преку почитување на принципите на ефикасност, ефективност, економичност и транспарентност; финансиски транспарентна и отчетна државна администрација; партиципативни и отворени буџетски процеси;  доследно спроведување на здравствените политики и програми итн.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 102


Стојан Мишев

Асистент на Проект на USAID за правна заштита на жените

Стојан, од 2003 година е дел од тимот на ЕСЕ. Дипломираше правни студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” од Скопје и во моментот е на последипломски студии на истиот факултет во отсекот казнено право. Во периодот 2010-2012 работеше во Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ на примената на пристапот заснован на човекови права во процесите на донесување на одлуки и развивање на стратегии за намалување на сиромаштијата и социјално вклучување на ранливи групи на граѓани на локално ниво.  Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи на промоција и застапување за: унапредување на женските човекови права и родова еднаквост; унапредување на положбата на жените жртви на семејно насилство и системите за нивна заштита; анализа и следење на степенот на спроведување на меѓународните документи за правата на човекот; промоција и развој на правни, параправни и други видови на услуги за заштита на правото на здравје, особено правото на здравје на Ромите и др.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295


Јане Велески

Асистент за администрација,  финансии и логистика

Јане, од 2000 година е дел од тимот на ЕСЕ. Работи како Асистент за административно – финансиско работење и логистика. Како дел од тимот на ЕСЕ, е одговорен за спроведување на административните и финансиските активности на организацијата; комуникација со банки, институции и донатори; обезбедување на нормално секојдневно функционирање на организацијата; системско одржување; дизајн и ажурирање на интернет страниците на организацијата и дизајн и подготовка на материјали.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 


Симона Митковска

Асистент за мониторинг и анализа на буџети

Симона, од 2017 година е дел од тимот на ЕСЕ. Дипломираше на Економскиот факултет во Скопје на отсек сметководство и ревизија. Денес како дел од тимот на ЕСЕ работи како Асистент за мониторинг и анализа на буџети и е одговорна за прибирање и анализа на буџетски податоци, како и подготовка на редовни буџетски анализи; развивање и спроведување на иновативни методологии за буџетска анализи од аспект на човекови права; развивање и спроведување на методологии за оценување и унапредување на нивото на транспарентност и отчетност на јавните институции и зголемување на граѓанското учество во процесите на донесување на одлуки, како и промовирање на овие прашања преку социјалните медиуми.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+389 (0)2 3298 295 лок. 102


 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар