Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

ЕСЕ ВО МЕДИУМИТЕ

 

Стратешки приоритет 1

Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

 

јануари 2021

Видео подготвено во соработка со „Види Вака“

Координаторот на Програмата за јавно здравје на Здружение ЕСЕ ги образложува наодите од работата на ЕСЕ по однос на недоволниот опфат на жените, а особено жените Ромки со програмите за скрининг на рак на дојка и рак на грло на матка на Министерството за здравство.

Државата ги „заборавила“ Ромките за да им испрати покана за преглед на рак на дојка. Само четири од 270 жени од Шуто Оризари биле поканети на преглед за цели четири години.

Линк:

https://fb.watch/2Z6C-hXt8u/

 

февруари 2021

Информација за јавноста по повод 4 февруари 2021 Светскиот ден за борба против карцином

(испратена на 04.02.2021 година)

Иако постојат програми за скрининг (рано откривање) на ракот на грлото на матката и ракот на дојката, податоците од нивното спроведување покажуваат дека реално во Македонија нема сеопфатен и организиран скрининг за овие малигни заболувања.

Со средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за програмата за скрининг на рак на грло на матка предвидува опфат на само околу 30% од жените од целната возрасна група (жени од 24 до 60 години). Дополнително на тоа Министерството за здравство во 2019 година го намали буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари. Воедно, поради недостиг на матични гинеколози, само 60% од жените имаат избрано матичен гинеколог. Сето тоа води кон тоа само 28% од жените да бидат опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година). Состојбата е далеку понеповолна помеѓу жените Ромки, бидејќи само 9,5% од нив се опфатени со оваа Програма во периодот од 2012 до 2018 година.

Поразителна е и состојбата по однос на програмата за скрининг на рак на дојката, преку која во 2019 година биле опфатени само 0,7% од жените на возраст од 50 – 69 години. Поразителна е состојбата помеѓу жените Ромки, бидејќи само четири од 270 анкетирани жени Ромки од Шуто Оризари биле поканети на преглед на дојки за цели четири години (од 2015 до 2019 година).

Линкови до објави:

https://www.fakulteti.mk/news/04022021/vo-makedonija-zhenite-umiraat-od-prichini-koi-mozhat-navreme-da-se-sprechat-ako-se-sproveduvaat-programite-za-skrining-na-rak-na-grlo-na-matka-i-na-dojka-velat-od-ese
https://24info.mk/здружение-есе-да-се-зголемат-средства/
https://lokalno.mk/ese-po-povod-svetskiot-den-za-borba-protiv-kartsinom-vo-makedonija-zhenite-umiraat-od-prichini-koi-navremeno-mozhat-da-se-sprechat/
https://opserver.mk/makedonija/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-i-na-dojkata/
https://www.slobodenpecat.mk/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grlo-na-matka-i-na-dojka/
https://a1on.mk/macedonia/zdruzhenie-ese-da-se-zgolemat-sredstvata-za-programite-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-i-na-dojkata/
https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=394773
https://meta.mk/ese-so-skrining-za-rak-na-grlo-na-matka-se-opfateni-samo-30-otsto-od-zhenite-a-07-otsto-za-rak-na-dojka/

 

март 2021

Гостување на координаторот на здравствената програма на ЕСЕ во емисијата Агенда 35, која се емитува на Македонската радио телевизија

 

Претставникот на ЕСЕ говори за наодите од работата на ЕСЕ, односно дека во изминатата деценија превентивната здравствена заштита е запоставена од страна на државата. Доказ за тоа е недоволното финансирање на превентивната здравствена заштита, како и несоодветното планирање, спроведување, и опфат на населението со превентивните Програми на Министерството за здравство. Особено по однос на програмите за скрининг на рак на грлото на матката, скрининг на рак на дојка, како и Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Воедно недостасуваат здравствено едукативни и здравствено промотивни кампањи за различни здравствени теми и за различни групи  на населението. Долгогодишното запоставување на превентивната здравствена заштита и недоволното финансирање во здравството, има особено негативно влијание во времето на пандемијата со Ковид-19.

Линк:

https://youtu.be/uJtGOuzhZlo

 

март 2021

Гостување на координаторот на здравствената програма на ЕСЕ во емисијата Агенда 35, која се емитува на Македонската радио телевизија. (април 2021 година)

Планот за вакцинација против Ковид-19 кој беше објавен од страна на Министеството за здравство содржи само приоритетни групи за вакцинација. За споредба, плановите за вакцинација на останатите држави, на пример Словенија, се многу подетални, почнувајќи од периодите за вакцинација, вакцините со кои ќе биде вакцинирано населението, каде ќе се спроведува вакцинацијата, начинот на транспорт и преземање на вакцините и останати детали од процесот. Поради тоа Министерството за здравство неопходно е да подготви детален план за вакцинација, за да овозможи ефикасна вакцинација на населението, откако ќе пристигнат вакцините во Македонија.

Линк:

https://www.youtube.com/watch?v=ew9127Vh1Z4

 

 април 2021

Public Health in Collapse: Healthcare Workers Report on Fragile Healthcare Systems

During the past year, healthcare workers all around the world have shouldered an incredible burden. Although both people and policy makers have applauded their contribution to the COVID-19 response, little has been done in practice to actually protect and support workers on the frontline. It is difficult to disregard the fact that thousands of nurses, doctors, and other frontline staff risked their lives during the pandemic. Over 15 thousand healthcare workers have died of COVID-19, and many more have been infected, according to data by Amnesty International, Public Services International and UNI Global.

It is important to consider that before the onset of the pandemic, healthcare workers were already overworked, underpaid, and in many cases, burnt out. While this is true for practically all countries in the world, healthcare systems outside of high-income countries found themselves in a particularly dire situation. In East and South East Europe, as well as Central Asia, working conditions in healthcare have deteriorated because of austerity policies and large-scale emigration of healthcare workers to the West. This means that workers who remained in their countries of origin faced the pandemic with insufficient capacities and little hope of adequate protection in the workplace.

Линк:

https://lefteast.org/public-health-collapse-healthcare-workers/    

 

Стратешки приоритет 2

Еднаков пристап до правда

февруари 2021

Документарно видео со изјава на корисничка на Центарот за правна помош (ЦПП)

Здружение ЕСЕ подготви кратко документарно со цел актуелизирање на проблемот со семејното насилство и промовирање на услугите кои ги обезбедуваме за решавање на проблемите со кои се соочуваат жените кои претрпеле семејно насилство. 

Линк:

https://www.youtube.com/watch?v=kmoRBs22YDQ (цела верзија)

https://www.youtube.com/watch?v=caiqZlnjvN0  (кратка верзија)

 

мај 2021

Гостување на ТВ 24 за законската рамка и институциоанлниот одговор кон семејното насилство

Претставник на ЕСЕ гостуваше на ТВ 24 и ги презентираше состојбите со законската рамка и институционалниот одговор кон семејното насилство, при што беа нагласени главните системски недостатоци кои оневозможуваат ефективна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство. За време на гостувањето беа презентирани и услугите кои ЕСЕ ги обезбедува преку Центарот за пранва помош, односно виртуелната платформа за правни совети „Побарај совет“.

Линк:

Видео од гостувањето

https://24.mk/details/gostuvanje-na-ana-avramoska-i-stojan-mishev

 

јуни 2021

Гостување на Слободна ТВ за актуелизирање на потребите на жените кои претрпеле семејно насилство за време на криза  

Претставник на ЕСЕ гостуваше на ТВ 24 и ги презентираше главните наоди од спроведеното истражување за влијанието кое здравствената криза го имаше врз жените кои претрпеле семејно насилство. За време на гостувањето беа нагласени специфичните проблеми со кои се соочуваат жените за време на вонредната состојба, како и потребата за итно преземање на мерки од страна на државата, вклучително и формирање на посебен државен фонд за финансиска поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство.

Линк:

Видео од гостувањето

https://slobodna.tv/стојан-мишев-бараме-да-се-формира-посе/

 

септември 2021

Национална конференција „Пристап до правда за маргинализираните“

На 30ти септември претставникот на ЕСЕ учествуваше на националната конференција „Пристап до правда за маргинализираните“, која бешеорганизирана од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) и ги презентираше главните наоди и препораки од Анализата за имплемнтација на цел 16.3. Владеење на правото и еднаков пристап до правда.

Линк од настанот:

https://www.facebook.com/events/1194782034356957/?ref=newsfeed

 

 

Стратешки приоритет 3

Фискална транспарентност