ЕСЕ ВО МЕДИУМИТЕ
Стратешки приоритет 1
Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права
јануари 2022 година
Гостување на координаторот од ЕСЕ во утринската програма на МТВ 1, по повод месец јануари - месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката |
Kоординаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ гостуваше на утринската емисија на МТВ1 - Македонија наутро и ги презентираше наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Воедно, беа презентирани и барањата на ЕСЕ за унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката. При гостувањето, Координаторот на програмата ги соопшти и наодите на ЕСЕ по однос на последиците врз жените од несоодветното спроведување на скринингот, кои се наоѓаат во публикацијата на ЕСЕ „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“ |
Линк:https://www.youtube.com/watch?v=0LzkF_K74mM |
Гостување на Телевизија 24 - Презентирање на наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката |
Kоординаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ гостуваше во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 и ги презентираше наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Како и негативното влијание од несоодветно спроведениот скрининг како врз жените, така и врз државата. Воедно, беа презентирани и барањата на ЕСЕ за унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката. При гостувањето, Координаторот на програмата ги соопшти и наодите на ЕСЕ по однос на последиците врз жените од несоодветното спроведување на скринингот, кои се наоѓаат во публикацијата на ЕСЕ „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“ |
Линк:https://fb.watch/aPzVN5D9ep/ |
февруари 2022 година
Објава на порталот на Радио Слободна Европа |
Координаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ даде изјава за Радио Слободна Европа, која е вклучена во написот на порталот на радиото со наслов „Женскиот рак“ убива 40 пациентки годишно“.
|
Линк:https://www.slobodnaevropa.mk/a/женскиот-рак-убива-40-пациентки-годишно/31683826.html |
ноември 2022 година
Медиумско обраќање на претставник на Здружение ЕСЕ со цел барање за зголемување на буџетските средства за Програмите за скрининг на рак на дојка и скрининг на рак на грло на матка и за Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата |
Координаторот на програмата за јавно здравје и здравје на жените на Здружение ЕСЕ, гостуваше во Утринската програма на МРТ. При тоа говореше за кратењето на буџетските средства на превентивните програми на Министерството за здравство во предлог Буџетот за 2023 година. |
Линк:https://www.youtube.com/watch?v=JM8_J-R69l8 |
Стратешки приоритет 2
Еднаков пристап до правда
ноември 2022 година
Учество во емисија на Алсат ТВ |
На 30.11.2022 претставник на ЕСЕ - Стојан Мишев, учествувуваше во емисија на Алсат М телевизија на која се дискутираше за состојбата на жените што претрпеле семејно насилство и потребата за подобрување на постапувањето на институциите во овие случаи. |
Линк: |
декември 2022 година
Учество во емисијата Топ Тема на Телма ТВ |
На 16.12.2022 година Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ учествуваше на емисијата Топ Тема на Телма на која се осврна на фактичката состојба на жените што претрпеле семејно насилство и функционирањето на системот за заштита. |
Линк: |
Стратешки приоритет 3
Фискална транспарентност