Гостување на координаторот од ЕСЕ во утринската програма на МТВ 1, по повод месец јануари - месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката |
Kоординаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ гостуваше на утринската емисија на МТВ1 - Македонија наутро и ги презентираше наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Воедно, беа презентирани и барањата на ЕСЕ за унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката. При гостувањето, Координаторот на програмата ги соопшти и наодите на ЕСЕ по однос на последиците врз жените од несоодветното спроведување на скринингот, кои се наоѓаат во публикацијата на ЕСЕ „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“ |
Линк:https://www.youtube.com/watch?v=0LzkF_K74mM |
Гостување на Телевизија 24 - Презентирање на наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката |
Kоординаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ гостуваше во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 и ги презентираше наодите на Здружението ЕСЕ, по однос на недостатоците во спроведувањето на Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Како и негативното влијание од несоодветно спроведениот скрининг како врз жените, така и врз државата. Воедно, беа презентирани и барањата на ЕСЕ за унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката. При гостувањето, Координаторот на програмата ги соопшти и наодите на ЕСЕ по однос на последиците врз жените од несоодветното спроведување на скринингот, кои се наоѓаат во публикацијата на ЕСЕ „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“ |
Линк:https://fb.watch/aPzVN5D9ep/ |
Објава на порталот на Радио Слободна Европа |
Координаторот на Програмата за јавно здравје на ЕСЕ даде изјава за Радио Слободна Европа, која е вклучена во написот на порталот на радиото со наслов „Женскиот рак“ убива 40 пациентки годишно“. |
Линк:https://www.slobodnaevropa.mk/a/женскиот-рак-убива-40-пациентки-годишно/31683826.html |