На 25 и 26 мај, 2023 година, одржавме уште две работилници за изработка на накит од епоксидна смола во кои се склучија најмалку 5 жени кои користеле услуги во Центарот за правна помош на ЕСЕ. Овие работилници претставуваат продолжување на процесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН кој започна во април за време на Социјалниот камп “ПОГОН” во Крушево и продолжи на 18 и 19 мај.
За време на работилниците, жените работеа на изработка на финални продукти на накит од епоксидна смола.
На 18 и 19 мај, 2023 година, одржавме две работилници за изработка на накит од епоксидна смола во кои се склучија најмалку 5 жени кои користеле услуги во Центарот за правна помош на ЕСЕ. Овие работилници претставуваат продолжување на порцесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН кој започна во април за време на Социјалниот камп “ПОГОН” во Крушево.
За време на работилниците, жените имаа можност да се запознаат со техниката за изработка на накит од епоксидна смола, и да започнат со моделирање/изработка на веќе договорениот дизајн на производи.
Преку петицијата граѓаните бараат во Поликлиниката во Шуто Оризари да бидат обезбедени:
- Пункт за итна медицинска помош.
- Дополнителни две ординации со матични лекари.
-Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија.
- Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика).
- Зголемен број на патронажни сестри.
- Опремување на Дежурната служба
Ве повикуваме да ги подржите барањата со што ќе придонесете кон поквалитетна здравствена заштита на населението во Шуто Оризари, преку потпишување на електронската петиција на следниот линк https://chng.it/LPpyWwHKcY
https://esem.org.mk/en/index.php/what-we-do-now#sigFreeId9a28817f94
Светска банка, студија “Жените, бизнисот и законот 2023 година”
Жените, бизнисот и законот 2023 година е деветта од серијата годишни студии кои ги мерат законите што влијаат на економските можности на жените во 190 економии. Студијата ја прикажува состојбата по однос на осум индикатори поврзани со напредувањето на жените низ нивните животи и кариери: мобилност, работно место, плата, брак, родителство, претприемништво, средства и пензија.
Жените, бизнисот и законот 2023 ги идентификува бариерите за економското учество на жените и ја охрабрува реформата на дискриминаторските закони. Оваа година, студијата вклучува и ново истражување, преглед на литература и анализа на 53 години реформи за правата на жените. Студијата ја потврдува поврзаноста помеѓу законско уредување на родовата еднаквост и вработувањето и претприемништвото на жените.