Во периодот октомври – ноември 2022 година продолжи со спроведување на фокус групи со цел проценка на потребите на ромското и руралното население во однос на пристапот до примарна здравствена заштита. При тоа на 19.10. 2022 година беше спроведена фокус група со рурално население во општина Кривогаштани, на 27.10.2022 година беше спроведена фокус група со ромско население во општина Шуто Оризари, на 08.11.2022 година беше спроведена фокус група со ромско население во општина Куманово, и на 10.11. 2022 година беше спроведена фокус група со рурално население во општина Свети Николе. На фокус групите граѓаните ги искажаа своите мислења по однос на услугите кои ги добиваат во примарната здравствена заштита, говореа за проблемите со кои се соочуваат во пристапот до примарна здравствена заштита, а воедно ги искажаа своите мислења и потреби по однос на тоа што треба да се превземе за да се унапреди нивниот пристап до примарна здравствена заштита. Може да се заклучи дека во секое населено место граѓаните се соочуваат со специфични проблеми и потреби по однос на пристапот до примарната здравствена заштита. Наодите од фокус групите ќе бидат искористени за подготовка на анализа, како и конкретни барања за унапредување на пристапот на Ромите и жителите од руралните средини до примарна здравствена заштита.
Фокус групите беа спроведени во соработка со партнерската ромска организација ИРИЗ од Шуто Оризари, како и со граѓански активисти од локалните граѓански организации и тоа Станица ПЕТ од Прилеп, Мајка од Куманово и ГИЖ од Свети Николе.
Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.
На 10.11.2022 година Здружение ЕСЕ, спроведе фокус група со жители на руралните населени места кои потпаѓаат под општината Свети Николе. На фокус групата беше дискутирано кои се фактори влијаат негативно врз менталното здравје на населението, на кој начин населението од руралните средини се справува во ситуации кога се соочува со проблеми поврзани со менталното здравје, како и по однос на тоа дали постојат одредени структури или мрежи кои обезбедуваат поддршка за унапредување на менталното здравје на руралното население во општина Свети Николе. Наодите од фокус групата ќе послужат за подготовка на извештај од истражување, како и за подготовка на локални планови за унапредување на менталното здравје на населението. Фокус групата беше спроведена во соработка со граѓански активистки од локалната организација ГИЖ Свети Николе
Активноста е дел од годишната програма за работа на Здружение ЕСЕ и е финансиски поддржана од Европската Унија.
Иако државниот буџет за 2023 година се планира да биде најголемиот во 30-годишното постоење на државата, се кратат средства во дури 7 од 10 превентивни програми за здравствена заштита
Соопштение за јавност - Државниот буџет расте, средствата за превенција се кратат
И покрај значителното зголемување на државниот буџет планирано за 2023 година, здравствената заштита за превенција се намалува за дури една третина во споредба со претходните две години, а кратење има во дури 7 од 10 превентивни програми, алармираа граѓанските организации ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Платформата на организации за заштита од ХИВ на денешната конференција за печат што се одржа пред Собранието на Р.С. Македонија.
Кратења има во програмите за превенција на кардиоваскуларни болести, за организирање и унапредување на крводарителството, за превентивна здравствена заштита, за задолжителна имунизација, за спречување на бруцелозата, за спречување на туберкулозата, за заштита од СИДА и за активна здравствена заштита на мајките и децата. Вкупниот буџет на програмите за превентивна и за куративна здравствена заштита е на исто ниво како и оваа година, и покрај тоа што во 2023 година државниот буџет ќе биде најголемиот досега од осамостојувањето на државата.
Наместо да расте правопропорционално со државниот буџет, буџетот на Министерството за здравство останува тукуречи непроменет и од 3 %, колку што изнесувал во периодот 2018 – 2020 година, следната година ќе претставува само 2,1 % од вкупниот буџет.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за набавка на набавка на кутии за складирање во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените
Повикот се однесува за набавка на кутии за складирање во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Заинтересираните понудувачи треба да испратат понуди за набавка на 20 пластични кутии за складирање со минимални димензии од 36 x 32 см.
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 24 ноември, 2022 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена
- Услови за испорака
Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за набавка на специјални алатки, премази и модли за работа со полимерна глина и епоксидна смола за изработка на уникатни рачно изработени производи во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените
Повикот се однесува за набавка на специјални алатки, премази и модли за работа со полимерна глина и епоксидна смола, во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Понудувачите треба да достават понуда за еден или повеќе од листата на алатки. Премази и модли наведени подолу:
- Течност за лепење на полимерна глина со керамика и друг материјал кој може да се пече - 40 парчиња
- Ролер (сукало) за работа со глина - 20 парчиња
- Метални сечила за работа со глина - 20 парчиња
- Подлога за обработка на глина и сечење - 20 парчиња
- Шаблон со букви - 20 парчиња
- Лак за премачкување на глина - 40 парчиња
- Алатка за полирање на глина - 40 парчиња
- Украсна фолија за глина - 60 парчиња
- Силиконски и метални модли за накит и колачи - 20 парчиња
- Сетови за изработка на украси - 20 парчиња
- Прехранбени бои - најмалку 4 бои по 20 парчиња
Покрај понудата, понудувачите треба да достават и пропратна документација:
- тековна состојба
- слики од секој понуден производ
- упатство за употреба на производите
- начин на испорака
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 28 ноември, 2022 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена за производот
- Цена на испорака
Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.