ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШНИ ЛИЦА
Надворешни лица активисти во заедницата кои ќе бидат ангажирани во активностите за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на лицата од Ромските и руралните заедници
Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.
Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.
Во рамки на годишната Програма за работа на Здружение ЕСЕ за 2022 година, која е кофинансирана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, спроведуваме активности за за проценка на факторите кои имаат влијание врз менталното здравје на лицата од Ромските и руралните заедници во Р. Северна Македонија Активностите ќе се спроведуваат во периодот од септември до декември 2022 година.
Од надворешните лица активисти во заедницата се очекува исполнување на следните задачи:
- Учество на обука за спроведување на теренско истражување по пат на анкетирање
- Спроведување на теренско истражување по пат на анкетирање преку претходно подготвен анкетен прашалник помеѓу лица од ромски или рурални средини.
- Учество во подготвителните активности за спроведување на дискусии во фокус групи во ромските и рурални средини, вклучувајќи: идентификување на локации за спроведување на фокус групи, идентификување и поканување на лица од ромски или рурални средини за учество во фокус група, логистичка поддршка на персоналот на ЕСЕ при спроведување на фокус групите.
- Да дадат препораки и/или мислења за адресирање на факторите кои имаат негативно влијание врз менталното здравје на лицата од ромските и руралните средини во кои ќе се спроведува истражувањето.
Број на позиции
За горенаведените потреби ќе бидат ангажирани вкупно 7 (седум) надворешни лица активисти во заедницата.
Квалификации нанадворешните лица активисти во заедницата
- да живеат во една од следните општини: Прилеп или руралните општини кои гравитираат кон општина Прилеп (Долнени, Кривогаштани и останати), Свети Николе, Куманово или руралните општини кои гравитираат кон општина Куманово.
- да имаат претходно искуство во работа со лицата од ромските или руралните средини.
Како предност ќе се сметаат следните квалификации:
- претходно искуство во работа на граѓански организации
- претходно искуство во спроведување на истражувања
Буџет
За ангажманот на едно лице активист во заедницата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 625 ЕУР, што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс на НАБРСМ утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ, по завршувањето на предвидените активности.
Потребна документација за аплицирање
- Кратка биографија (CV)
Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака „Повик за ангажирање на надворешни лица активисти во заедницата за проценка на факторите кои влијаат врз менталното здравје”, најдоцна до 26 август 2022 година.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за конференциски услуги за организирање на два настани на 07 и 12 септември 2022 година
Повикот се однесува на организирање на настани (обуки за анкетари) во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:
- Две обуки за анкетари за спроведување на теренско истражување во рурални и ромски средини (2 дена, очекувано времетраење од 2 часа, од 25 до 30 учесници)
Понудувачите треба да достават:
1. Мени со цени на пијалаци и храна,
2. Цена за изнајмување на простор – Ве молиме доставете цена за изнајмување за 1 ден и цена за изнајмување за 2 часа
3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно).
На 12 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа 12 учесници од Делчево, Виница и с. Црник. Дел од фокус групата беа жители во овие општини и села; претставник на секторот за животна средина и комунални дејности во општина Виница; и претставници на партнерската организација КХАМ од Делчево. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска, експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, дотраеност на системот за водоснабдување, горење на отпад и други материјали, итн. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.
На 10 август 2022 година се одржа дискусија во фокус група на која присуствуваа повеќе од 14 учесници од Куманово. Дел од фокус групата беа жители на населените места Бавчи, Средорек и Бараки; претставници на две граѓански организации ДРОМ и НРЦ; две претставнички на општа болница Куманово; претставничка на Центарот за јавно здравје Куманово; претставник на секторот за животна средина во општина Куманово; и претставници на партнерската организација Мајка од Куманово. Дискусијата беше фацилитирана од Ивана Петкановска експерт во областа на екологија и животна средина, ЕСЕ и ТИМ Институт. За време на дискусијата учесниците дискутираа за повеќе потенцијални ризици од промените во животната средина на кои значително се изложени Ромите, и тоа: диви депонии, загадување на води со отпад, површински води од канализација, немање на урбанистички план за населените места каде живеат Ромите, условите во кои Ромите живеат (влага, мувла, пренаселеност, итн.), и многу други аспекти. Резултатите од оваа фокус група ќе бидат презентирани во една поопсежна студија која ЕСЕ ќе ја промовира кон крајот на 2022 година.
ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА
ЕКСПЕРТИ/КОНЗОРЦИУМ/КОМПАНИЈА
За спроведување на петдневна обука за изработка на накит, дизајн и изработка на облека и основање, водење и унапредување на бизнис наменет за жени кои претрпеле семејно насилство
Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.
Основана во 1994 година, ЕСЕ во континуитет обезбедува правна помош, бесплатно судско застапување и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле насилство.
Здружение ЕСЕ од 2002 година обезбедува бесплатна правна помош и психолошка поддршка за жените што претрпеле семејно насилство, односно за 150-200 жени на годишно ниво, со цел надминување на проблемот со насилството и решавање на поврзаните правни проблеми, како што се разводот на брак, старателството, издршката за децата, делбата на имот и др. Најголемиот дел од корисничките се наоѓаат во неповолна економска состојба, односно се невработени или имаат ниски приходи кои се недоволни за надоместување на трошоците за живот за нив и нивните деца. Оттука, паралелно со правното зајакнување на жените, Здружение ЕСЕ презема чекори за економско јакнење и финансиска независност на жените што претрпеле семејно насилство.
Со поддршка обезбедена од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија број EuropeAid/171328/DD/FPA/MK, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на експерти/конзорциум/компанија во времетраење од пет дена за спроведување на следните активности:
- Подготовка на програма и материјали за обука на 5 жени за изработка на накит.
- Спроведување на обука на 5 жени за изработка на накит.
- Подготовка на програма и материјали за обука на 5 жени за дизајн и изработка на облека.
- Спроведување на обука на 5 жени за за дизајн и изработка на облека.
- Подготовка на програма и материјали за обука на 10 жени за основање, водење и унапредување на сопствен бизнис.
Напомена:
- Обуката треба да се одржи со физичко присуство на локација која ЕСЕ ќе ја избере како најповолна за организирање на ваков настан, и истата треба да се реализира во периодот од 23 септември до 05 октомври.
- Под еден ден се подразбира програма и обука во траење од 4 до 6 часа.
- Деновите за обука не мора да бидат поврзани еден по друг, туку треба да се организираат согласно расположливоста на жените.
Како резултат на предвидениот ангажман, експертите/конзорциумот/компанијата треба да работи со ЕСЕ и да го подготви следните продукти:
- Програма за пет дневна обука за изработка на накит, дизајн и изработка на облека и основа, водење и унапредување на сопствен бизнис.
- Материјали кои ќе се користат на обуката.
- Евалуација и препораки за идни чекори.
Експертите/Конзорциумот/Компанијата треба да ги имаат следните квалификации:
- најмалку петгодишно искуство во спроведување на обуки за развивање на вештини за изработка на накит и облека, како и за основање, водење и унапредување на бизнис.
- претходно искуство во развивање и спроведување на обуки на горенаведените теми помеѓу ранливи категории на граѓани.
Буџет
За ангажманот на експертите/конзорциумот/компанијата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 1.550 ЕУР или 516,67 ЕУР по експерт што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ во РСМ. Исплатата на надоместокот ќе се изврши во две транши. Првата по одобрувањето на програмата и материјалите за обуката, а втората по спроведувањето на обуката.
Потребна документација за аплицирање
- Кратка биографија на експертот доколку аплицира индивидуално или пак кратка биографија за сите три експерти доколку се аплицира како компанија или пак конзорциум (не повеќе од една страна)
- Листа на спроведени обуки од областа за која експертот аплицира или пак е назначен (најмногу 10 обуки со линкови за подетални информации доколку постојат)
Материјалите кои ќе се развијат како резултат на овој ангажман остануваат во сопственост на Здружението ЕСЕ и истите ЕСЕ може да ги користи во своите редовни активности.
Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
со назнака „Повик за обука за накит, облека и бизнис”, најдоцна до 17 август 2022 година