CALL FOR PROPOSALS
Title: External expert for activities for improvement of mental health and wellbeing of Roma and rural populations in North Macedonia
Reporting to: ESE, North Macedonia
Duration: Start August 2022, and should conclude by December 15th , 2022
Mission:
To build capacity and technically support ESE professionals in creating tools that promote mental health and psychological wellbeing of the rural Macedonian population and Roma communities through non-medical approaches.
Objectives:
Co-develop a model of the local needs and resources that influence and determine the mental health of the rural Macedonian population and Roma communities from a non-medical perspective between ESE, CSOs and external experts.
Adapt assessment tools and build capacity of ESE to train professionals and providers to implement these tools for data collection, analyse the obtained data and make informed decisions led by community priorities.
Collaborate with ESE trainers in the development of mental health local action plans for rural and Roma populations in North Macedonia.
На 6 јуни 2022 година, преку платформата ЗООМ се одржа еднодневна обука за градење на капацитетите на членовите на работните групи формирани во рамки на Мрежата на ГОи за ПОВ. На обуката присуствуваа повеќе од 10 членки на мрежата на граѓански организации кои работат на ПОВ.
Обуката беше фацилитирана од Здружението ЕСЕ, а во спроведувањето на истата учествуваа Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка во ФООМ; Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник во МИОА; Андреас Павлоу, постар истражувач за Европа во ПОВ; Едип Билал, програмски директор во НДИ; Дарко Антиќ, финансиски директор и програмски координатор во ЕСЕ; и Герман Филков, претседател во ЦГК.
Обуката се состоеше од воведно обраќање во кое беа презентирани клучните придобивки на граѓанските организации од учеството во ПОВ и државата од партнерството развиено со граѓанските организации во рамки на иницијативата на ПОВ; запознавање со ПОВ иницијативата на национални и глобално ниво; и дискусија по однос на проблемите кои се адресираат со Акцискиот план за ПОВ 2021 – 2023 година во рамки на секоја од приоритетните области.
ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Целта на овој конкурс е на креативен начин, низ фотографија или пак видео, учениците во основно или пак средно образование да ги искажат своите ставови за животната средина во која живеат и последиците кои промените на истата ги предизвикуваат врз нивното здравје. Како и да се дадат насоки за подобрување на квалитетот на живеење преку заштита на животната средина.
Теми
- Високите температури и животната средина и здравјето.
- Жешките точки (загадувачи на воздух, вода и почва) и животната средина и здравјето.
- Човекот како фактор за подобрување/уништување на животната средина и здравјето на останатите граѓани.
- Државната контрола и грижа за не/подобрување на животната средина и здравјето.
- Почитувани функционери.
Краен рок за пријавување: 01 август 2022 година.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците треба да се пријават индивидуално со најмногу едно дело на некоја од дадените теми.
Учениците може сами да изберат дали делото со кое ќе се пријават на овој конкурс ќе биде во формат на фотографија, комбинација од фотографии прикажани на едена страна во облик на приказна или видео. На фотографиите и видеото дозволено е користење на текст со цел појаснување на пораката за јавноста или пак давање на конкретна препорака.
Доставеното дело треба да биде со висок квалитет и јасно да ја прикаже саканата порака.
Нема да бидат земени предвид за разгледување делата кои поттикнуваат говор на омраза и/или содржат било какви елементи на дискриминација на граѓаните врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност.
Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат да го пренесат на организаторот на конкурсот правото на јавно изложување и/или објавување на делата, а авторите на наградените дела (првите три места) се согласуваат на организаторот на конкурсот да ги пренесат сите авторски и други права на користење на делата.
Здружението ЕСЕ на ден 16ти јуни 2022 година, со почеток од 12:00 до 15:00 часот во Скопје организираше средба со претставници на Министерство за правда и судии од основните граѓански судови, со цел дискутирање за постојната практика и можностите за поголемо искористување на правото на ослободување од судските трошоци и правото на бесплатна правна помош од страна на жените што претрпеле семејно насилство. На средбата присуствуваа судиите Гордана Ролева Ќупева и Ирена Костадинова од Основен граѓански суд Скопје, судија Лидија Димова од Основен суд Велес, судиите Лила Цветаноска и Андон Атанасов од основен суд Радовиш, Славица Жерајиќ, Сектор за правосудство во Министерство за правда, Весна Цекова, Оливер Давидовски и Ремзи Беќири од Сектор за бесплатна правна помош во Министерство за правда, Фросина Стевановиќ, подрачно одделение на Министерство за правда во Куманово, Делфина Тодоровска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ.
Предмет на дискусија беа граѓанските судски постапки кои вообичаено ги водат жените што претрпеле семејно насилство заради надминување на проблемот со насилството и решавање на поврзаните сензитивни правни проблеми, како што се постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, разводот на брак, издршката, старателството, делбата на имот и др. Земајќи ја предвид неповолната финансиска состојба на жените, судското решавање на наведените проблеми на жените е директно условена од нивните финансиски можности и информираноста за видот и висината на судските такси и другите трошоци во постапката, како и од користењето на законските можности за ослободување од плаќање на овие трошоци. Станува збор за одредбите за ослободување од плаќање на трошоци во постапката согласно Законот за парнична постапка[1] и користењето на секундарна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош[2].
На 30 јуни 2022 година Здружение ЕСЕ спроведе фокус група за проценка на потребите на Ромите во пристапот до примарната здравствена заштита. Истражувањето се спроведува со цел да се утврдат бариерите со кои се соочуваат Роми во пристапот до здравствена заштита, како и потребите за унапредување на пристапот и опфатот на Ромите со примарна здравствена заштита. На фокус групата присуствуваа 13 престатвници од ромската заедница во Шуто Оризари, а на истата се дискутираше по однос на пристапот до услугите од матичните лекари, стоматолози и гинеколози, пристапот до вакцинација за децата, пристапот до услугите од Итната медицинска помош, како и пристапот до лекови. Фокус групата беше спроведена во соработка со партнерската ромска организација Романо Чачипе, која работи на територијата на Шуто Оризари.
Во наредниот период Здружение ЕСЕ ќе продолжи со спроведување на истражувањето.
Активноста е ко-финансирана од Европската Унија.