Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за конференциски услуги за организирање на настани
Повикот се однесува на организирање на настани во рамки на Проектот „ Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“,кој се спроведува во период од 03 мај до 30 септември 2021 година.
Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:
- Средба за воспоставување на Совет во заедницата (1 ден, од 15 до 18 лица)
- Средби на Совет во заедницата (2 средби по 1 ден, од 15 до 18 лица)
- Средба за мапирање (1 ден, од 15 до 18 лица)
- Средба за Photo voice (1 ден, од 20 до 25 лица)
- Организирање на локален форум (1 ден, 30 лица)
Понудувачите треба да достават:
1. Мени со цени на пијалоци и храна,
2. Цена за изнајмување на простор
3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно)
4. Фотографија од просторот
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака “За конференциски услуги - Здружение ЕСЕ”, најдоцна до 12 часот на 27 мај, 2021 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена
- Опременост и уредување на простор
Во рок од една недела по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.
18.05.2021