Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настани

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за конференциски услуги за организирање на два настани на 07 и 12 септември 2022 година

 

Повикот се однесува на организирање на настани (обуки за анкетари) во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

-  Две обуки за анкетари за спроведување на теренско истражување во рурални и ромски средини (2 дена, очекувано времетраење од 2 часа, од 25 до 30 учесници)

 

Понудувачите треба да достават:

1. Мени со цени на пијалаци и храна,

2. Цена за изнајмување на простор – Ве молиме доставете цена за изнајмување за 1 ден и цена за изнајмување за 2 часа

3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно).

 

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака „За настани на 07 и 12 септември- Здружение ЕСЕ”, најдоцна до 22 август, 2022 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Опременост и уредување на простор

Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre