Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?

Во Македонија од 2012 година се спроведува Програма за скрининг на рак на грлото на матката,меѓутоа и по 10 години спроведување се бележи недоволен опфат на жените со оваа програма. Ова се должи на повеќе фактори, вклучувајќи го нејзиното недоволно финансирање, несоодветната координација помеѓу различните извршители на Програмата, како и недостигот на соодветен мониторинг за нејзино спроведување. Поради тоа и од страна на Европската комисија беше забележано дека во РС Македонија не постои организиран скрининг за рак на грлото на матката. Сето тоа резултира со предвремена смртност кај жените, која може да се спречи, бидејќи доколку ракот на грлото на матката се открие навреме, може успешно да се лекува, а со тоа не само да се продолжи животот туку и да се подобри квалитетот на животот на жените кај кои е дијагностицирано ова заболување.

Целта со оваа анализа е да се утврди влијанието на карциномот на грлото на матката откриен во понапредна фаза врз животот на жените и врз трошоците поврзани со дијагностиката, лекувањето и палијативното згрижување во врска со ова заболување,од страна на државата и од страна на жените. Воедно, преку анализата е прикажано дека преку зголемувањето на финансиските средства наменети за оваа програма ќе се спасат животи на жените, ќе се продолжи животот на жените и ќе се унапреди квалитетот на животот, а воедно државата и жените ќе заштедат финансиски средства.

За потребите на анализата се користени податоците за направените трошоци од Фондот за здравствено осигурување, Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија и од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, како и податоци добиени од жените што страдаат од ова заболување. Податоците од ФЗОРСМ, од УК за онкологија и радиотерапија и од Специјализираната болница се добиени преку постапката за пристап до информации од јавен карактер. Податоците за жените се добиени од интервјуа, кои беа направени со 16 жени што се лекуваат од карцином на грлото на матката на УК за онкологија и радиотерапија. Од нив 7 (седум) беа на болничко лекување во Клиниката, додека 9 (девет) беа на амбулантско лекување. Податоците поврзани со смртноста се добиени од Државниот завод за статистика.

Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар