Од 12 до 15 јуни 2022 година, со поддршка од Европската Унија обезбедена преку оперативниот грант “Joint Efforts for Gender Equal Society”, се спроведе работилница за развивање на план на активности за работа на тематска група на организации кои ќе работат на фискална транспарентност во областите на економските и социјалните права, во рамки на Европската мрежа на КОПАСАХ. На работилницата присуствуваа 14 учесници од Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Романија и Косово. За време на работилницата, фацилитирана од Марија Саздевски Вангеловски, присутните имаа можност да дискутираат за можностите за заедничко настапување и взаемна помош и поддршка во оваа област. Оваа група на организации, во текот на 2022 година и во иднина ќе се залага за спроведување на развиениот план на активности.
https://esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega#sigFreeId5b57d4d820
На 04 јуни 2022 година, во Ерор Колектив во Скопје и со поддршка од Marcy Handmade Jewllery, беше спроведена работилница за учење на техники за изработка на накит од глина. На работилницата присуствуваа три жени кориснички на услугите од Центарот за правна помош на ЕСЕ и тројца претставници на ЕСЕ . Оваа работилница е дел од активностите на ЕСЕ за економско јакнење и осамостојување на жените кои претрпеле семејно насилство, а истите низ низа од дополнителни тренизи ќе се стекнат со вештни за самостојно работно ангажирање и обезбедување на неопходни средства за егзистенција и одвојување од насилната средина во која живеат. Оваа работилница е поддржана од Европската Унија преку оперативниот грант “Joint Efforts for Gender Equal Society”.
https://esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega#sigFreeId33c73d01a9
На 03 јуни 2022 година, со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, беше спроведена еднодневна обука наменета за градење на капацитетите на три граѓански организации од Куманово, Шуто Оризари и Прилеп (Мајка, Романо Чачипе и Станица Пет) за примена на методологијата “Photovoice”. На обуката присуствуваа 13 лица. Обуката беше спроведена од страна на Софија Семенпеева Трајановска.
За време на обуката, учесниците дискутираа за клучните проблеми и изложеноста на Ромите на еколошки ризици, како и за влијанието на истите врз нивното здравје. Дополнително, присутните се стекнаа со познавање за развојот на методологијата за Photovoice, основните чекори за нејзино практикување, како и за придобивките до спроведување на оваа методологија. Како резултат на оваа обука, присутните ќе развиваат продукти преку кои сликовито ќе се прикаже реалноста во која живеат Ромите и влијанието на еколошките ризици врз нивното здравје.
Оваа анализа има за цел да утврди дали социјалната заштита планирана на локално/општинско ниво предвидува соработка со ГО како вршители на предвидените мерки и активности од областа на социјална и здравствена заштита предвидена со плановите за социјална заштита и доколку се планирани за каков вид на активности и на кој начин се поддржани. Следното прашање е колку реално ГО се поддржани од страна на локалните власти, односно дали навистина добиле средства, дополнително на она што е планирано.
Граѓанските организации во обезбедување на социјална и здравствена заштита на локално ниво
Во периодот 14 до 15ти мај 2022 година, Здружението ЕСЕ организираше обука за млади правници/чки, со цел подобрување на знаењата и вештините на идните практичари/ки за обезбедување на правна заштита на жените што претрпеле семејно насилство. Фокусот беше ставен на начинот на информирањето на жените што претрпеле семејно насилство за нивните права и мерки за заштита; како и обезбедување на правна помош во постапката за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство и останатите граѓански судски постапки за решавање на поврзаните правни проблеми на жените, како што се развод на брак, старателство, издршка, делба на имот, надомест на штета и др. На обуката се обратија Делфина Тодоровска и Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ и Наташа Бошкова адвокатка во Центарот за правна помош. Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“, со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина.
https://esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega#sigFreeId4e862af73e