Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Прва средба на Советите нa заедниците

На 13,14 и 15 јули се одржаа првите средби на Советите на заедницата во општините Прилеп, Карпош,  Ѓорче Петров и Шуто Оризари. Советите на заедницата се составени од претставници на различни институции и членови на заедницата кои имаат одредена улога во преземање на активности на справување на заедницата со последиците од кризи и кризни состојби. На средбата се собраа информации во однос на тоа како членовите на заедницата ја оценуваат сегашната подготвеност на заедницата да реагира и се справи во вакви состојби, односно кои се очекуваните кризни состојби кои преставуваат опасност за Ромските заедници, вклучувајќи и кои групи во заедницата се особено ранливи. Следната средба на Советите ќе се одржи во последната недела од месец јули на која членовите на институциите и членовите на Ромските заедници ќе дискутираат за приоритетите и активностите кои треба да се преземат во насока на унапредување на нивната подготвеност за реакција во криза и кризни состојби

Повеќе...

Средба за стратешко планирање на COPASAH Europe HUB

Во периодот од 12 до 14 јули 2021 година во Белград, ЕСЕ организираше регионална средба помеѓу претставници на граѓански организации од Србија, Македонија, Романија, Албанија и Унгарија, кои се дел од групата на организации кои учествуваат во градењето и поставувањето на COPASAH Europe HUB. На средбата учествуваа 13 организации (Roma Justice од Романија, PAD Foundation од Унгарија, Center for Social Advocacy од Албанија, КХАМ, Станица П.Е.Т., Фондација Отворено Општество Македонија, ХОПС, ИРИЗ, НРЦ, Романо Чачипе и Здружение ЕСЕ од Македонија, Medical University од Белград Србија и Media Education Center од Србија). Средбата ја фацилитираше Деби Бадлендер. За време на истата организациите работеа на утврдување на визијата, мисијата и приоритетните теми за COPASAH Europe HUB, како и идентификување на краткорочни и долгорочни цели на мрежата, активности итн.

Повеќе...

PHOTOVOICE – Моќна алатка во рацете на локалните заедници

Имајќи предвид историјатот, предностите и целта на оваа алатка, односно да им овозможи на луѓето да ги регистрираат и искажуваат силните страни и проблемите во заедницата во која живеат, да поттикне критичка дебата и знаење за важните прашања преку групни дискусии за фотографии и да помогне да се стигне до креаторите на политики и да охрабри носење одлуки во корист на заедницата, во рамки на проектот за градење на отпорноста на Ромската заедница кон кризите и кризните состојби Мирко Трајановски, соработник на ЕСЕ за ова прашање одржи обуки за претставниците на Ромските партнерски организации. Обуките се одржаа на 30 јуни за организациите кои работат во Ромските заедници во скопските општини и на 1 јули за организацијата која работи со Ромската заедница во Прилеп. Покрај запознавањето и целта на оваа техника, учесниците на обуката беа запознати со низа практични совети при користење на оваа алатка и  направија повеќе обиди за нејзино користење.

Повеќе...

Обука за спроведување на истражување во ромските заедници за отпорност на заедницата кон кризи и кризни состојби

Во рамки на проектот за унапредување на отпорноста на Ромската заедница кон кризи и кризни состојби на ден 29 јуни одржавме инструктажа за членовите на партнерските организации кои ќе го спроведуваат истражувањето во заедницата. Истражувањето има за цел да собере информации кои се потребни и релевантни за подготовка на локални планови за отпорност на заедницата кон кризи и кризни состојби. Тоа ќе се спроведува во текот на неколку недели во месец јули. Најмалку 1.400 Ромски домаќинства во неколку општини во кои живеат Ромите во нашата земја ќе бидат анкетирани со ова истражување. Истражувањето се спроведува со помош на ТИМ Институт.

Повеќе...

Обука за отпорност на заедницата за кризни состојби и одговор на кризни состојби

На 21,22 и 23 јуни спроведовме обука за претставниците на партнерските Ромски организации и членови на Советите во заедницата (претставници на различни институции, верската и бизнис заедницата и сите заинтересирани групи на граѓани ) со кои во неколку општини во кои живеат Ромите во нашата земја работиме на подигнување на свесноста за потребата од вклучување на граѓаните во одговорот на кризите и кризните состојби преку зголемување на отпорност на заедницата. На оваа обука Далибор Тасевски, доктор по медицина и експерт за одговор на кризи и кризни состојби ги запозна учесниците со различните видови на кризи и кризи состојби, вклучувајќи ја и пандемијата предизвикана од КОВИД-19, пристапот на градење на отпорност на заедницата и разликата на овој од традиционалниот пристап на одговор кон кризи и кризни состојби.  По воведот во овој пристап учесниците  имаа можност да се запознаат со сите фази од процесот на подготовка на планови за зголемување на отпорноста на заедницата, како што се  идентификување на ресурсите и потребите на заедницата, партнерства, соработка и вклучување на остнатите релевантни акери во овој процес, идентификување и одбирање на приоритети и подготвка на работни планови, спроведување на стратегијата за отпорност на заедницата и континуирана проценка на напредокот.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар