Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Gender Justice During and Beyond the COVID-19 Crisis: Institutional Responses to Gender-based Violence and the Role of Legal Empowerment Groups

By: Legal Empowerment Network, THEMIS - Gender, Justice and Human Rights, Association for the Emancipation, Solidarity and Equality of Women (ESE), Bangladesh Legal Aid and Services Trust (BLAST), FIDA Uganda

The measures taken to contain the COVID-19 pandemic led to a surge in gender-based violence around the world. As governments moved to limit, suspend, or digitize vital victim support services, civil society organizations – and in particular grassroots legal empowerment groups- found new ways of helping women to seek safety and justice.

This report examines institutional and civil society responses to gender-based violence (GBV) during the pandemic, in particular domestic violence (DV)and intimate partner violence (IPV). It investigates the role of legal empowerment groups in filling justice gaps, reducing violence, improving service provision, and demanding accountability.

Повеќе...

Е-работилница „Управување темелено на интересите и потребите на граѓаните“

На 4 јуни се одржа е-работилница „Управување темелено на интересите и потребите на граѓаните“на која учествуваа претставници од институциите, граѓанското општество и претставници на Секретаријатот за Отворено владино партнерство (ОВП).

Република Северна Македонија е дел од глобалната инцијатива Отворено владино партнерство, меѓународна платформа преку која соработуваат институциите и граѓанското општество со дел да се обезбеди транспарентност и отчетност на властите пред граѓаните. Согласно прифатените обврски, Северна Македонија има усвоено четири Акциски планови (2012, 2014, 2016 и 2018) и постојано работи на подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните институции, зголемување на транспарентноста и пристапот до информации, унапредување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните и деловните субјекти.

Во моментот активно се работи на финализирање на петтиот ОВП Акциски план 2021-2023 во рамки на приоритетните области: Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност; Спречување на корупција и промовирање на добро владеење; Испорака на јавни услуги и Пристап до правда.

Повеќе...

Реобјава на Повик за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на е-програма за обука на стручните лица од институциите за постапување во случаи на семејно насилство

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од првата специфична цел на проектот, „Превенирање на семејното насилство за време на КОВИД-19 кризата, преку кампања за подигање на свесноста и обука за практичари“.

Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, ефективната заштита на жените што претрпеле семејно насилство е оневозможена поради низата системски недостатоци во институционалниот одговор кон овој сериозен општествен проблем. Отсуството на системска едукација за практичарите од надлежните институции, несоодветното постапување и ниското ниво на координација помеѓу ЦСР, полиција и судовите се основните недостатоци на постоечкиот систем на заштита.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за продлабочување на наведените проблеми и ја наметна потребата за преземање на мерки за адаптирање на постапувањето на институциите во случаите на семејно насилство. Истовремено, државата не презеде посебни превентивни мерки за организирање на почетна и континуирана едукација на вработените во надлежните институции, што дополнително ги ограничи можностите за ефективна заштита на жените кои претрпеле семејно насилство за време на пандемијата. Дотолку повеќе што со ратификувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, нашата држава презеде обврска за интензивирање на превентивните активности и едукацијата на практичарите од институциите вклучени во системот на заштита.

Повеќе...

Реализирани 4 средби со претставници на ГОи и претставници на ромската заедница за запознавање со активностите за Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејст

На 27 и 28 мај 2021 година спроведовме четири индивидуални средби со партнерските организации (ЛИЛ, Романо Чачипе, ИРИЗ и Станица ПЕТ) и претставници на ромската заедница во која тие работата. На оваа средбите дискутиравме за наредните чекори и активности за Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување.

Повеќе...

Повик за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на е-програма за обука на стручните лица од институциите за постапување во случаи на семејно насилство

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од првата специфична цел на проектот, „Превенирање на семејното насилство за време на КОВИД-19 кризата, преку кампања за подигање на свесноста и обука за практичари“.

Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, ефективната заштита на жените што претрпеле семејно насилство е оневозможена поради низата системски недостатоци во институционалниот одговор кон овој сериозен општествен проблем. Отсуството на системска едукација за практичарите од надлежните институции, несоодветното постапување и ниското ниво на координација помеѓу ЦСР, полиција и судовите се основните недостатоци на постоечкиот систем на заштита.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за продлабочување на наведените проблеми и ја наметна потребата за преземање на мерки за адаптирање на постапувањето на институциите во случаите на семејно насилство. Истовремено, државата не презеде посебни превентивни мерки за организирање на почетна и континуирана едукација на вработените во надлежните институции, што дополнително ги ограничи можностите за ефективна заштита на жените кои претрпеле семејно насилство за време на пандемијата. Дотолку повеќе што со ратификувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, нашата држава презеде обврска за интензивирање на превентивните активности и едукацијата на практичарите од институциите вклучени во системот на заштита.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар