Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Обука за работа на полето на унапредување на менталното здравје на Ромите

Здружение ЕСЕ во периодот од 18 јануари до 01 февруари 2021 година организираше обука за работа на полето на унапредување на менталното здравје на Ромите. Обуката беше подготвена и спроведена од страна на експерти од Универзитетот во Севилја, Шпанија. На обуката покрај претставници на ЕСЕ учествуваа претставници од пет ромски граѓански организации. Тимот на обучувачи од Универзитетот во Севилја имаат богато искуство на работа на полето на унапредување на менталното здравје на ниво на заедница. Исто така имаат искуство во работата на унапредување на менталното здравје на Ромите во Шпанија. Воедно тимот на експерти применуваат немедицински пристап во активностите за унапредување на менталното здравје, преку соодветно адресирање на водечките причини во заедницата кои имаат негативно влијание врз менталното здравје. На обуката, учесниците имаа прилика да се запознаат со теоретските основи по однос на менталното здравје на поединците и на маргинализираните заедници, а воедно да се запознаат и со практични примери од примена на интервенции за унапредување на менталното здравје на овие заедници. Воедно како дел од обуката, секоја граѓанска организација подготви нацрт акционен план за тоа како може да се унапреди менталното здравје на ромските заедници каде што работат организациите. Овие нацрт планови организациите можат понатаму да ги искористат во нивната работа со ромската заедница. Спроведувањето на обуката беше финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Повеќе...

Конкурс за ангажирање на надворешен експерт за потребите на воспоставување на регионална мрежа на граѓански организации

ЕСЕ објавува конкурс за ангажирање на надворешен експерт за потребите на воспоставување на регионална мрежа на граѓански организации.

Повеќе детали проследете во огласот.

External expert for establishing COPASAH regional hub in the region of South-Eastern and Central Europe - Terms of Reference

Повеќе...

Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието на Република Северна Македонија на 31-та седница закажана за 12.1.2020 година не ја изгласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината поради немање на кворум за работа на Собранието, со што изборот на членови на институцијата повторно се одолговлече, а со тоа се одложи и почетокот на работата на Комисијата која има мандат да спречува и да штити од дискриминација.

Гласањето, пак, на Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше втора точка на дневниот ред на седницата на Собранието, веднаш после гласањето на Предлог-одлуката за избор на претседател, на потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. Имајќи предвид дека претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК едногласно беа изгласани од страна на 95 пратеници, кои беа присутни кога се гласаше за оваа точка на дневниот ред на оваа седница, крајно несериозно и малициозно е тоа што Собранието не оствари кворум за работа (од 61 пратеници) при гласањето за Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно што дел од пратениците интенциозно ја напуштија собраниската сала кога требаше да се гласа по оваа точка.

Граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација, што значи дека Собранието не смее да дозволи воспоставувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дополнително да се развлекува. Затоа, апелираме до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија веднаш да закаже продолжување на 31-та седница, на која ќе се гласа  Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Повеќе...

Бараме Собранието во транспарентна постапка да избере професионални и независни членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието на РСМ да започне транспаретна и отчетна постапка за избор на професионални, искусни и непартиски лица за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои ги исполнуваат условите согласно член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше објавен во „Службен весник бр. 279/2020“ на 24 ноември 2020 година и трае 30 дена од неговото објавување односно до 24 декември 2020 година.

Соочени со нетраспарентниот избор на партиски и непрофесионални кадри за членови во изминатите два мандати на Комисијата, Мрежата за заштита од дискриминација упатува јавен апел до Собранието на РСМ за отпочнување на: транспарентна постапка за избор на членови на КСЗД коишто ги исполнуваат условите и навремено и постојано информирање на граѓаните, на здруженијата на граѓани и на медиумите за текот на постапката. Собранието по завршувањето на огласот, а со цел запознавање на јавноста е потребно да направи низа чекори кои се предуслови за спроведување на отчетна и фер постапка за избор, водејќи сметка на квалитетот и на искуството на избраните кандидати.

Повеќе...

Иницијатива за зајакнување на телата за човекови права на ООН

ЕСЕ ја подржа инцијативата за зајакнување на работата на телата за човекови права на ООН. Оваа иницијатива дава препораки што ги сметаме за основни за зајакнување на системот на тела за човекови права и ги вклучува нашите препораки до државите, телата за човекови права, Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR) и претседателот на 75 седница на Генералното собрание за тоа како да се спроведат овие препораки.

https://www.amnesty.org/download/Documents/IOR4033192020ENGLISH.pdf

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст на иницијативата.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар