Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Соопштение за медиуми - Граѓанскиот сектор бара избор на стручни и непартиски членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 14.12.2020 –Единствено со избор на стручни, професионални и непартиски членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права во државата, порачаа претставниците на граѓанскиот сектор на денешната јавна дебата, организирана од Здружението ЕСЕ. Настанот се одржа додека сè уште е во тек Јавниот оглас за избор на членови на комисијата, објавен од Собранието. Граѓанските организации ги повикаа пратениците да спроведат постапка за избор која ќе биде транспарентна и ослободена од какви било влијанија.

„Собранието мора да избере независни и професионални членови на КСЗД. Независноста на институцијата е клучен предуслов за унапредување на заштитата и спречувањето на дискриминацијата. Затоа при изборот пратениците мора да се водат од објективни и законски критериуми, а не од меѓупартиски договори. Согласно законот, членовите на комисијата мора да го отсликуваат целото општество односно минимум три членки да бидат жени, а доколку кандидатите ги исполнуваат условите, во комисијата да се изберат и лица со попреченост, Роми, ЛГБТИ лица“, изјави Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација.

Од Здружението ЕСЕ подготвија препораки за тоа како треба да функционира новата комисија по нејзиното формирање, со цел да се постигне ефикасна и ефективна борба против дискриминацијата во општеството.

„Непосредно по изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, неопходно е преземање низа предуслови за успешно спроведување на законот и зголемување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на комисијата. Формирањето стручна служба на комисијата односно вработувањето квалитетни и професионални кадри е првиот чекор кој треба да биде преземен“, вели Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ.

Повеќе...

Оддаваме почит

Со голема тага ја примивме веста за предвременото заминување на Кемал Исмаил. Кемал беше човек кој неуморно и посветено работеше за да и помогне на ромската заедница во Шуто Оризари. Кемал беше човек од народот и за народот, кој до последен момент работеше со најранливите луѓе од ромската заедница, човек кој несебично се обидуваше да му помогне како на секој поединец, така и на целата заедница. Кемал бешевистински граѓански лидер кој посветуваше големо внимание да ги зајакне младите ромски активисти во граѓанскиот сектор.   Кемал беше ценет соработник на ЕСЕ повеќе од 10 години, беше член на нашиот Извршен одбор, меѓутоа пред се Кемал беше наш драг пријател. Секогаш со радост ќе се сеќаваме на нашата успешна соработка, на нашите заеднички дружењa и многуте заеднички патешествија во изминатите години. Во овие моменти на тага нема зборови за утеха за семејството и за персоналот на Романо Чачипе. Единствено што можеме да кажеме е дека Кемал остави наследство и светол пример за тоа како треба да се гради граѓанскиот активизам во ромската заедница. Наследство кое веруваме дека ќе го следат многу млади ромски активисти и ќе ја продолжат работата каде што Кемал застана.

Почивај во мир наш драг пријателу, твојот лик секогаш ќе остане во нашите сеќавања. 

Повеќе...

Покана за онлајн конференција за медиуми - Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата

Покана за онлајн конференција за медиуми

Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата

Zoom линк:   https://us02web.zoom.us/j/85142535054?pwd=YUpDNHo5S1BGYU5lRnRLZUd4cjNOQT09

Passcode: 388242

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ организира прес конференција за медиуми на тема „Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата .

Прес конференцијата за медиуми ќесеодржина 02 декември 2020 (среда) во11.00 часот.

Истражувањето покажа дека жените го носат најголемиот товар на давањето нега во домашни услови. Односно 73% од примарните даватели на нега се жени.

Обезбедувањето на нега во домаќинствата има сериозни влијанија врз давателите на негата, како и на целото семејство. Кај  40 % од примарните даватели на нега, неплатената работа за нега имала влиание врз нивната платена работа, како што е неможност да работат воопшто или да работат со полно работно време или пак влиаела врз нивната продуктивност. Неплатената работа за нега има негативно влијание и врз физичкото и психичкото здравје на давателите на нега.

Повеќе...

Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и нов Народен правобранител

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и избор на нов Народен Правобранител.

Законот за спречување и заштита од дискриминација стапи на сила со објавувањето во Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 258/2020 на 30.10.2020. Согласно член 45, став 1 од овој Закон, јавниот оглас за избор на членови на Комисијата, Собранието на Република Северна Македонија ќе го објави во рок од 15 дена од влегувањето во сила на овој Закон. Согласно датумот на стапување во сила на Законот, вака предвидениот законски рок истече на 14.11.2020, а Собранието на Република Северна Македонија сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Вториот мандат на актуелниот Народен правобранител Иџет Мемети истекува на 24.12.2020. Согласно член 5, став 4 од Законот за Народен правобранител, Собранието има законска обврска да ја започне постапката за избор на Народниот правобранител и неговите заменици три месеци  пред истекот на нивниот мандат. Согласно датумот на истек на мандатот на актуелниот Народен правобранител, Собранието требало да ја започне постапката за избор на нов Народен правобранител и негови заменици најдоцна до 24.9.2020, а Собранието сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на нов Народен правобранител.

Повеќе...

Реакција на изјавите од вчерашната прес конференција на министерот за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести

На вчерашната прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски беше изјавено дека прашањето за јавно приватно партнерство со приватните здравствени установи за поддршка на јавниот здравствен сектор при справување со пандемијата е прашање на „политика и бизнис“.

Потенцираме дека јавното здравје е основно човеково право и не смее да се толкува како прашање кое зависи од политички и бизнис одлуки, особено во услови на пандемијата со КОВИД-19.

Приватните здравствени установи имаат една примарна цел, а тоа е постигнување висок профит при обезбедувањето на здравствените услуги за повисоки цени. Додека пак, целта на јавниот здравствен систем треба да биде подобрување на општото здравје на граѓаните за пониска цена и со повисок квалитет.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар