Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Повик за ангажирање на новинар/маркетинг агенција за осмислување и спроведување на план за подигање на јавната свест за природата на семејното насислтво и законските можности за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од првата специфична цел на проектот, „Превенирање на семејното насилство за време на КОВИД-19 кризата, преку кампања за подигање на свесноста и обука за практичари“.

Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, жените сеуште се недоволно информирани за природата на семејното насилство и процедурите за пријавување и заштита пред надлежните институции, како што се Центрите за социјална работа и полицијата.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за зголемување на ризикот и ескалација на семејното насилство, со што уште повеќе се нагласи потребата за поголемо информирање на населението/жените за тоа како да го препознаат семејното насилство и каде да се обратат за помош и поддршка. Истовремено, државата не презеде посебни превентивни мерки за подигање на свесноста во однос на овој сериозен општествен проблем, што дополнително ги ограничи можностите за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство за време на пандемијата. Дотолку повеќе што со ратификувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, нашата држава презеде обврска за интензивирање на превентивните активности и спроведување на национални кампањи за подигање на свеста за родово заснованото насилство и можностите за заштита на жртвите.

Повеќе...

Повик за вклучување на млади правници и студенти по право во програма за јакнење на капацитети за мониторирање, анализирање и решавање на правните проблеми на жените кои претрпеле семејно насилство

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

Иако е законски регулирано од 2004 година, семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој значително го отежнува пристапот до правда за жените и можноста да ги уживаат законски гарантираните слободи и права. Недостатокот на политичка волја и неалоцирањето на доволно буџетски средства од страна на државата, придонесоа за континуиран тренд на висока застапеност на семејното насилство и ненадминување на постоечките системски недостатоци во период  од 17 години: неспроведување на законските одредби за заштита; ниско ниво на координација помеѓу институциите; недостаток на системска едукација на стручните лица; непостоењето на соодветен систем за собирање на податоци

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од втората специфична цел на проектот, „Зголемување на пристапот до информации и правна заштита за жени кои претрпеле семејно насилство, преку обезбедување на директна поддршка за решавање на правните проблеми и јакнење на капацитетите на млади практичари вклучени во системот на заштита“.

Повеќе...

Ромската заедница и граѓанските организации не се носители на одговорот на кризи и кризни состојби, но се клучни во зголемување на отпорноста на заедницата на нив

На 30 и 31 август се одржа третата средба на Советите на заедницата формирани во рамки на инцијативата на ЕСЕ и ромските организации ЛИЛ, Романо Чачипе, Станица Пет и ИРИЗ. На оваа последна средба се дискутираа активностите кои треба да се преземат со цел Ромската заедница и граѓанските организации кои беа вклучени во оваа инцијатива да бидат подготвени да одговорат во  криза и кризни состојби. Односно, на оваа средба се дискутираше за формираме на тим на заедницата за одговор кон кризи и кризни состојби и која е неговата улога;  активности кои треба да ги преземе тимот во насока на оспособување и зајакнување на заедницата да реагира на  кризи и кризни состојби (обуки); зголемување на степенот на поврзаност на заедницата и активности за поврзување и градење на успешни коалиции со останатите релевантни актери во одговорот кон кризи и кризни состојби. На средбата се дискутираше и за  тоа кои се карактеристиките на една заедница која е подготвена да одговори на кризи и кризни состојби и кој е моделот на соработка и/или работа кој треба да ја одликува една заедница по однос на ова прашање.

По финализирање на локалните планови, тие ќе бидат предмет на дискусија на четири средби, организирани од секоја од вклучените организации, а на која ќе бидат поканети да присуствуваат 15-20 членови на Ромската заедница.

Повеќе...

Повик за ангажман на експерт за Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

УСЛОВИ ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ

Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

И покрај амбициозните иницијативи, Ромите во Северна Македонија и другите европски земји продолжуваат да се соочуваат со длабоко вознемирувачка состојба во однос на нивните основни права и бариери за подобрување на нивната добросостојба. Феноменот на “antigypsyism” се покажа како силна пречка за спречување на фер и правичен пристап на Ромите до јавни услуги и исполнување на нивните основни човекови права. Ромите доживуваат социјална исклученост, особено во пристапот до вработување, образование, здравство и социјални услуги.

Прелиминарните наоди од работата на партнерските ромски граѓански организации во ромските заедници покажаа дека претходно споменатите состојби имале сериозно влијание врз ромските лица во периодот на пандемијата КОВИД-19. Лошите услови за живеење, придружени со сиромаштија и недостаток на пристап до информации, резултираа најмаргинализираните Роми да не можат правилно да ги следат неопходните превентивни мерки (често миење на рацете, користење средства за дезинфекција на рацете, купување или миење маски за лице или соодветна самоизолација во домаќинствата). Оваа состојба дополнително ги продлабочува стигмата и дискриминацијата и доведува до перцепција дека Ромите не ги следат заштитните мерки КОВИД-19. Покрај тоа, веќе постоечките бариери во однос на  пристапот до примарни здравствени услуги може да го спречат пристапот на ромските заедници до грижата за КОВИД-19. Како илустрација, во 2020 година во општината Шуто Оризари, немаше  општ лекар на примарно ниво и установа за тестирање на КОВИД-19.Пандемијата, исто така, влијаеше негативно на социјалните детерминанти на здравјето. Многу маргинализирани Роми не беа во можност да остварат приход за време на пандемијата, бидејќи работат во неформална економија, особено за време на рестрикциите. Покрај тоа, неформалното вработување направи многу Роми да не бидат подобни за мерките за економска поддршка на Владата. Недостаток на навремени и соодветни информации, придружени со неписменоста, особено дигиталната неписменост, претставуваа пречки за пристапот на Ромите до економските мерки на Владата.

Повеќе...

Ромските заедници имаат многу заеднички проблеми кои треба да се адресираат со цел тие да се подготват за справување и закрепнување по криза и кризни состојби

На ден 27, 28 и 29 јули во Прилеп, Карпош и Ѓорче Петров и Шуто Оризари се одржаа вторите средби на членовите на Советите на заедницата. На средбите се ревидираа активностите и резултатите од првата средба,  се дискутираше за социјалната кохезија и градењето на партнерствата и коалициите како услови за справување со кризи и кризни состојби, вклучувајќи и за можни сценарија и активности на коалициите за време на вакви состојби. Собраните информации и податоци ќе бидат искористени за подготовка на локални планови, кои подоцна ќе послужат како основа за идентификување на активности кои треба да се интегрираат во постоечките национални и локални политики релевантни за ова прашање. Следната средба на Советите ќе се одржи кон крајот на месец август кога се разгледуваат и дискутираат подготвените локални планови.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар