Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Повик за ангажирање на новинар/маркетинг агенција за подготовка на видео за застапување законските можности за заштита од семејно насилство

Здружението ЕСЕ започна со реализација на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од  Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.  

Во рамките на наведениот проект предвидено е продуцирање на кратко документарно видео со цел информирање на населението за законските можности за заштита од семејно насилство. Видеото ќе содржи пишани содржини и изјави од практичари кои се вклучени во обезбедувањето на помош и поддршка во рамките на кривично правниот систем за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство, односно кривичен судија, претставник на полиција,   адвокат.

За таа цел, Ве молиме најдоцна до 05ти април да ни доставите понуда за подготовка на видео,  вклучително и временска рамка за реализација на истото.  

Содржината на документарното видео ќе биде утврдена во консултации со Здружение ЕСЕ, кое ќе обезбеди писмени информации кои ќе се користат при подготовката на видеото и контакти од практичари за снимање на видео изјави кои ќе бидат составен дел на видеото.

 1. Критериуми за избирање на понудата

- Искуство во осмислување и продуцирање на видеа за застапување;

- Искуство во работа со граѓански организации.

 2. Потребни документи за аплицирање на повикот

- Детална понуда за подготовка на документарно видео;

- Референтна листа на претходно подготвени продукти од ваков вид;  

-  Листа на соработки со ГО.

 3. Буџет

За подготовка на документарното видео се предвидени финансиски средства во износ од 800 УСД, во денарска противвредност на денот на префрлање на средствата.

4. Временски рок

Временски рок за финализирање на концептот/сценариото за документарното видео е 25ти април 2021.

Временски рок за финализирање на видеото е 15ти мај 2021.

Ве молиме доколку сте заинтересирани потребните документи да ги доставите на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „ Повик за ангажирање на новинар/маркетинг агенција за подготовка на видео за застапување“, најдоцна до  6ти април, 2021 година.

 

 

29.03.2021

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар