Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на локални настани

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за конференциски услуги за организирање на настани

Повикот се однесува на организирање на настани во рамки на Проектот „ Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“,кој се спроведува во период од 03 мај до 30 септември 2021 година.

 

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

-        Средба за воспоставување на Совет во заедницата (1 ден, од 15 до 18 лица)

-        Средби на Совет во заедницата  (2 средби по 1 ден, од 15 до 18 лица)

-        Средба за мапирање (1 ден, од 15 до 18 лица)

-        Средба за Photo voice (1 ден, од 20 до 25 лица)

-        Организирање на локален форум (1 ден, 30 лица)

Понудувачите треба да достават:

1. Мени со цени на пијалоци и храна,

2. Цена за изнајмување на простор

3. Цена за изнајмување на опрема (проектор, лаптоп и платно)

4. Фотографија од просторот

 

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака “За конференциски услуги - Здружение ЕСЕ”, најдоцна до 12 часот на 27 мај, 2021 година.

 

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Опременост и уредување на простор

Во рок од една недела по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

 18.05.2021