Повик за ангажман на експерт за Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

УСЛОВИ ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ

Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

И покрај амбициозните иницијативи, Ромите во Северна Македонија и другите европски земји продолжуваат да се соочуваат со длабоко вознемирувачка состојба во однос на нивните основни права и бариери за подобрување на нивната добросостојба. Феноменот на “antigypsyism” се покажа како силна пречка за спречување на фер и правичен пристап на Ромите до јавни услуги и исполнување на нивните основни човекови права. Ромите доживуваат социјална исклученост, особено во пристапот до вработување, образование, здравство и социјални услуги.

Прелиминарните наоди од работата на партнерските ромски граѓански организации во ромските заедници покажаа дека претходно споменатите состојби имале сериозно влијание врз ромските лица во периодот на пандемијата КОВИД-19. Лошите услови за живеење, придружени со сиромаштија и недостаток на пристап до информации, резултираа најмаргинализираните Роми да не можат правилно да ги следат неопходните превентивни мерки (често миење на рацете, користење средства за дезинфекција на рацете, купување или миење маски за лице или соодветна самоизолација во домаќинствата). Оваа состојба дополнително ги продлабочува стигмата и дискриминацијата и доведува до перцепција дека Ромите не ги следат заштитните мерки КОВИД-19. Покрај тоа, веќе постоечките бариери во однос на  пристапот до примарни здравствени услуги може да го спречат пристапот на ромските заедници до грижата за КОВИД-19. Како илустрација, во 2020 година во општината Шуто Оризари, немаше  општ лекар на примарно ниво и установа за тестирање на КОВИД-19.Пандемијата, исто така, влијаеше негативно на социјалните детерминанти на здравјето. Многу маргинализирани Роми не беа во можност да остварат приход за време на пандемијата, бидејќи работат во неформална економија, особено за време на рестрикциите. Покрај тоа, неформалното вработување направи многу Роми да не бидат подобни за мерките за економска поддршка на Владата. Недостаток на навремени и соодветни информации, придружени со неписменоста, особено дигиталната неписменост, претставуваа пречки за пристапот на Ромите до економските мерки на Владата.

Воведениот начин на школување воведе нова бариера за пристап до образование за децата Роми кои немаат пристап до потребната технологија за следење на онлајн наставата. Овие услови се очекува да имаат долгорочно негативно влијание врз здравјето на Ромите по пандемијата и да ги продлабочат постојните здравствени нееднаквости. Горенаведената ситуација сугерира дека донесените мерки за ограничување на пандемијата на национално ниво треба подобро да ги рефлектираат потребите на маргинализираните Роми. Во идни кризни состојби, социјалните детерминанти во кои работат и живеат Роми може да преставуваат значителен предизвик за подготвеноста на заедницата за навремена реакција и закрепнување.

1.1. Основна цел и посебнa цел

Основна цел на оваа иницијатива е унапредувањето на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување.

Посебнa цел:

Формулирање на приоритетни стратешки активности за закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби

1.2. Ангажман и работни задачи на експертите

За спроведување на посебната цел, предвидено е ангажирање на еден надворешен експерт кој во соработка со ЕСЕ и четири претставници на Ромските ГО  кои се вклучени во проектот ќе работат на исполнување на посебно утврдената цел. Сите релевантни прашања ќе бидат договорени во консултации помеѓу ЕСЕ  и експертот.

Со цел формулирање на приоритетни стратешки активности за закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби,експертот во соработка со ЕСЕ и претставниците на Ромските ГО  ќе треба да ги преземе следните активности:

1.3.  Продукти

Како резултат на предвидениот ангажман, експертот треба да работи во тим со  претставниците на 4 Ромски граѓански организации вклучени во овој проект и да ги подготват следните продукти:

- Листа на идентификувани можни национални и локални политики со цел интегрирање на локалните потреби за закрепнување и навремена реакција на Ромските заедници во услови на кризни состојби

- Програма за работа на стратешката работилница

- План со конкретни предлози и активности за интегрирање на локалните потреби во постоечките локални и национални политики со цел нивно вклучување

-Извештај од спроведените задачи

1.4.  Квалификации на експертот

Експертот треба да ги имаат следните квалификации:

1.5. Буџет и временска рамка

За ангажманот на експертот е предвиден финансиски надомест во вкупен бруто износ 1.000 УСД. Од избраните експерти се очекува дека ќе работат во тим.

Период на имплементација на работните задачи од страна на експертите е два месеци, односно август од моментот на ангажирање и септември 2021 година.

1.6. Потребна документација за аплицирање

- Кратка биографија и

- Листа на проекти и ангажмани поврзани со искуство во анализа на локални и национални политики поврзани со спроведување на човековите права, вклучувајќи и прашања поврзани со статусот на Ромите  и искуство во подготовка на планови со конкретни предлози и активности за интегрирање на локалните потреби во постоечките локални и национални политики со цел нивно вклучување.

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака “Повик за експерти за унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување” најдоцна до 23 август2021 година. 

11.08.2021