Поврзување на националните и локалните политики за унапредување на правата на Ромите и политиките за управување со кризи

На 15 септември во хотел Мериот се одржа стратешката работилница во рамки на проектот за зголемување на отпорноста на Ромската заедница за кризи и кризни состојби. На работилницата присуствуваа 18 учесници, претставници на Ромските партнерски организации и членови на Советите на заедницата во општина Шуто оризари, Ѓорче петров, Карпош и Прилеп. Стратешката работилница на ЗООМ ја следеа 16 учесници.

На работилницата се дискутираше за вклучување на приоритетите и потребите на Ромските заедници во политиките за Ромски прашања и кризни состојби, со цел намалување на ранливоста и поголема подготвеност на локалните Ромски заедници за справување со криза и кризни состојби. Во таа смисла на оваа работилница најпрвин беа презентирани идентификуваните проблеми во ромските заедници, а потоа беше презентирана првичната анализа на содржината на политиките за Роми и политиките за управување со кризи. 

По ова следеше дискусија за секоја одделна општина и начинот на кој националните и особено локалните политики можат да содржат мерки и активности кои ќе значат надминување на утврдените проблеми и со тоа зголемување на отпорноста на ромската заедница.

View the embedded image gallery online at:
https://esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/4084-povrzuvanje-na-nacionalnite-i-lokalnite-politiki-za-unapreduvanje-na-pravata-na-romite-i-politikite-za-upravuvanje-so-krizi.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId4899452d52