Повик за ангажман на надворешен експерт за воспоставување на мрежа на практичари кои ќе работат на унапредување на фискалната транспарентност во секторите кои работат на унапредување на економските и социјалните права на граѓаните

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ

Надворешен експерт за воспоставување на мрежа на практичари кои ќе работат на унапредување на фискалната транспарентност во секторите кои работат на унапредување на економските и социјалните права на граѓаните

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

И покрај напорите за регулирање на корупцијата, граѓанското учество и транспарентноста, јавните институции од Југоисточна Европа се повеќе се затвораат за јавноста и се повеќе ги ограничуваат можностите јавноста да обезбеди свој придонес кон процесите на донесување на одлуки.  А пак , удел кон ваквата состојба има и недостатокот: на капацитети кај граѓаните и граѓанските организации за искористување на веќе достапните алатки за информирање и транспарентност;  соработка и заеднички акции меѓу ГО кои работат во областа на фискална транспарентност; на капацитети кај јавните институции за практикување и спроведување на донесените политики/стандарди/планови; на активен институционален надзор на постапките за јавни набавки од областа на социјалните и економските права; на јавно достапни информации за програмското и фискалното работење на институциите на локално ниво и институциите кои обезбедуваат економски и социјални права; и на воспоставени модели на соработка и вклучување на граѓаните.

Со поддршка обезбедена од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија број EuropeAid/171328/DD/FPA/MK, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на експерт во времетраење од пет месеци за спроведување на следните активности:

 Од надворешниот консултант се очекува исполнување на следните задачи:

- Идентификување на ГОи кои работат на полето на транспарентност и отчетност на институциите од областа на социјалните и економските права во Југоисточна Европа.

- Подготовка на прашалник за идентификување на: потребите на идентификуваните организации за јакнење на нивните капацитети од оваа област, знаењата на овие организации кои можат да бидат споделени со останатите членови на мрежата, проблемите во областа на транспарентност и отчетноста кои влијаат врз ограничување на пристапот на граѓаните до основните јавни услуги, и потребата и можностите од заедничка акција за застапување.

- Анализа на добиените резултати од спроведениот прашалник и нивно презентирање во сумарен извештај со насоки за идни чекори.

- Фацилитирање на дводневен настан со ГОи за креирање на план на активности на мрежата за периодот од јули до декември 2022 година.

- Подготовка на предлог план на мрежата врз основа на дискусиите и одлуките од дводневниот настан.

Групата на организации (во овој повик, мрежа) ќе биде формирана во рамки на веќе постоечката мрежа на организации COPASAH Europe (https://copasaheurope.org/), вклучувајќи организации кои се веќе дел од мрежата и ново идентификувани организации.

 

Продукти

Како резултат на предвидениот ангажман, експертот треба да работи со ЕСЕ и да го подготви следните продукти:

-  Идентификување на ГОи кои работат на полето на транспарентност и отчетност на институциите од областа на социјалните и економските права во Југоисточна Европа

- Подготовка на прашалник за идентификување на: потребите на идентификуваните организации за јакнење на нивните капацитети од оваа област, знаењата на овие организации кои можат да бидат споделени со останатите членови на мрежата, проблемите во областа на транспарентност и отчетноста кои влијаат врз ограничување на пристапот на граѓаните до основните јавни услуги, и потребата и можностите од заедничка акција за застапување.

- Анализа на добиените резултати од спроведениот прашалник и нивно презентирање во сумарен извештај со насоки за идни чекори.

- Фацилитирање на дводневен настан со ГОи за креирање на план на активности на мрежата за периодот од јули до декември 2022 година.

- Подготовка на предлог план на мрежата врз основа на дискусиите и одлуките од дводневниот настан.

    

Квалификации на експертот

 

Експертот треба да ги имаат следните квалификации:

- минимум 5 годишно професионално искуство во областа на транспарентност, отчетноста и вклучувањето на граѓани во фискалното работење на јавните институции.

- искуство во работа со граѓански организации на национално и меѓународно ниво.

- искуство во подготовка на планови за развој на граѓанскиот сектор и планови за застапување.

- искуство во фацилитирање на работилници за развивање на планови за развој на граѓанскиот сектор и планови за застапување.

 

Буџет

За ангажманот на експертот е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 1.756 ЕУР, што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од Делегацијата на ЕУ во РСМ, а според процентуалниот износ наведен во табелата погоре.

 

Потребна документација за аплицирање

- Кратка биографија (не повеќе од една страна)

- Краток опис на постигнувања во областа на  транспарентност, отчетноста и вклучувањето на граѓани во фискалното работење на јавните институции. Во делот на постигнувања во соодветната област потребно е да се накусо да се образложи начинот на соработка и вклучување на други граѓански организации во остварување на резултатите. (најмногу една страна)

- Референци (контакт лица, примерок од плановите, итн.) за подготвени планови за развој на граѓанскиот сектор и планови за застапување (не повеќе од 10 референци).

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака „Повик за ангажирање на надворешен експерт за воспоставување на мрежа на практичари, кои ќе работат на унапредување на фискалната транспарентност во секторите кои работат на унапредување на економските и социјалните права на граѓаните”, најдоцна до 11 февруари 2022 година.

 

Повик за ангажман на надворешен експерт за воспоставување на мрежа на практичари кои ќе работат на унапредување на фискалната транспарентност во секторите кои работат на унапредување на економските и социјалните права на граѓаните

Услови за работење - Надворешен експерт за воспоставување на мрежа на практичари кои ќе работат на унапредување на фискалната транспарентност во секторите кои работат на унапредување на економските и социјалните права на граѓаните