Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за сместување на база на полупансион за организирање на Погон - Социјален камп

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА БАЗА НА ПОЛУПАНСИОН ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОГОН - СОЦИЈАЛЕН КАМП

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Кон што се стреми?

www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, Pogon има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ).

Како (на кој начин) им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

  • Обука на жени кои претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • Обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • Помош при пласирање на производите под брендот на Pogon.
  • Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за прибирање на понуди за сместување на учесници за време на ПОГОН социјалниот камп.

 

За потребите на организирањето на ПОГОН социјалниот камп потребна ни е понуда за:

  1. Сместување на 9 лица во еднокреветни соби на база полн пансион:
  2. Сместување на 25 лица во двокреветни соби на база полн пансион (15 соби);

 

Реализацијата на ПОГОН социјалниот камп во траење од три дена во периодот на месец Мај.

 

Понудувачите треба да ги исполнат следните критериуми:

-  Оценка од гости согласно Google reviews;

- Најниска цена.

 

Понудата треба да се состои од:Детална писмена понуда, која ќе вклучува и детална финансиска конструкција на понудата изразена во МКД. Цените во понудата треба да бидат изразени без ДДВ или било какви други давачки.  

Понудите да ги доставите најдоцна до 06.02.2023.

 

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со набавката Ве молиме да не контактирате во пишана форма на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 

                             
 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар