Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за набавка на материјали и алатки за изработка на накит во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените и развој на линија на накит за ПОГОН

 

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Кон што се стреми?

www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, Pogon има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ).

Како (на кој начин) им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

  • Обука на жени кои претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • Обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • Помош при пласирање на производите под брендот на Pogon.
  • Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за прибирање на понуди за сместување на учесници за време на ПОГОН социјалниот камп.

 

Заинтересираните понудувачи треба да испратат понуда за следните материјали и алатки:

1.      Шмиргла

–          100мм – 25 метри

–          150мм – 25 метри

–          180мм  – 25 метри

2.      Акрилни бои

–          10 различни бои– вкупно 50 парчиња (5 парчиња по тон)

–          Бела боја (да не биде дел од претходната ставка) –  вкупно 50 парчиња

3.      Акрилно масло

–          10 различни бои – вкупно 50 парчиња (5 парчиња по тон)

4.      Акрилни фломастери

–          10 различни бои – вкупно 50 парчиња (5 парчиња по тон)

5.      Мали клешти – сет од 3 до 4 парчиња

–          5 сета комбинирани, со бочно сечење, заоблени со долг нос и плоснати.

 

Понудите треба да содржат:

1.       Информации за понудените производи во следната табела (линк во прилог):

Назив на артикл Производител Трговска марка

Боја

(само за ставките 2, 3 и 4 од овој повик)

Тежина

(само за ставките 2, 3 и 4 од овој повик)

Цена по парче без ДДВ

2.      Слики од секој понуден производ

3.      Начин на испорака и цена

4.      Гарантен рок за ставката број 5 од листата на материјали и алатки

 

Напомена: Понудените бои под ставките 2, 3 и 4 можат да бидат предмет на промена зависно од потребите на ЕСЕ и финалната листа на бои ќе се одреди пред прифаќање на понудата. Цените дадени во прилог на оваа понуда не се менуваат, независно од промената на боите.

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата:  esem@esem.org.mk  или  janeveleski@esem.org.mkнајдоцна до 26 јуни, 2023 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена (за сите ставки)
  2. Услови за испорака (за сите ставки)
  3. Гарантен рок (за ставка 5)
  4. Тежина (за ставка 2,3 и 4)

Во рок од три дена по завршувањето на повикот, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.