Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Expertise France, преку AFD – Agence Française de Développement.

Во рамки на проектот предвидено е организирање на еднодневни настани – обуки за здравствени работници. Настаните ќе се организираат во следните градови на следните датуми:

Град Датум на одржување на обуката
Куманово 17.09.2026
Струмица 25.09.2026
Штип 22.09.2026
Охрид 26.09.2026
Скопје 10.10.2026

За таа цел, ве молиме да ни испратите понуда по следните барања и спецификации:

1. Општи информации

  • Вид на настан: Еднодневен работен настан во периодот од 09 до 14 часот
  • Број на учесници: 25 лица.

2. Угостителски услуги

Исхрана

  • Ручек за 25 лица на датумот на одржување на настанот наведен во табелата
  • Мени со предјадење, главно јадење, десерт и пијалок (минерална вода или безалкохолен пијалок)
  • Опција за вегетаријанско/веганско мени и мени за лица со специјални потреби во исхраната

Освежување

  • Една кафе-пауза во текот на работниот ден (наведен за секој град во табелата)
  • Кафе, чај, вода, сокови
  • Вода за време на работниот дел за учесниците

3. Конференциски услуги

Сала

  • Конференциска сала со капацитет за 25 лица (мала сала)
  • Распоред на седење: во П-форма

Опрема и техничка поддршка

  • Проектор и платно/LED екран
  • Флипчарт табла и маркери

Дополнителни информации

Вклучете информации за услови на плаќање и евентуални попусти.

 Потребна документација за аплицирање

Понуда со цена

Опис на услугите

  • Детален опис на угостителските услуги (мени, содржина на кафе-паузи).
  • Опис на конференциската сала и техничката опрема.

Регистрациски документи на компанијата

  • Тековна состојба/извод од Централен регистар.
  • Даночен број (ЕМБС и ДДВ број ако е обврзник на ДДВ).

Општи услови

  • Политика за резервации и откажување.
  • Услови на плаќање.
  • Информации за евентуални попусти или дополнителни трошоци.

Критериуми за селекција

  • Вкупна цена на понудата со калкулација по ставки
  • Услови на плаќање
  • Квалитет на понудата на услуги (сала, опрема, исхрана и сл.)
  • Адекватност на салата (капацитет, распоред на седење, природна светлина/вентилација)
  • Квалитет и достапност на опремата (проектор, озвучување, интернет конекција)
  • Обезбедена техничка поддршка на лице место
  • Пристапност на локацијата (транспортни врски, паркинг простор)

Начин и рок за аплицирање

Потребната документација (вклучително потпишаната Изјава под заклетва за критериуми за исклучување, отсуство на судир на интереси)  да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан за проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Краен рок за доставување на документите е 28 август 2026 година.