Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

Во рамки на проектот предвидено е организирање на дводневен настан. За таа цел, ве молиме да ни испратите понуда по следните барања и спецификации:

  1. Општи информации
  • Датум на одржување: 22 – 24.12.2025
  • Вид на настан: Дводневен работен настан со хибриден формат
  • Број на учесници: За сместување – 16 лица, за работниот дел – 23 лица.
  1. Хотелски услуги

Сместување

  • Број на гости: 16 лица
  • Број на ноќевања: 2 ноќевања (22 и 23 декември) во еднокреветни соби на база на полупансион (појадок и вечера вклучени)
  • Дополнителни услови: Бесплатен Wi-Fi, Паркинг (доколку е достапен)

Исхрана

  • Ручек за 23 лица на 23 и 24 декември
  • Мени со предјадење, главно јадење, десерт и пијалок (минерална вода или безалкохолен пијалок)
  • Опција за вегетаријанско/веганско мени и мени за лица со специјални потреби во исхраната

Освежување

  • Кафе-паузи (3 вкупно) во текот на работните денови (23 и 24 декември)
  • Кафе, чај, вода, сокови
  • Вода за време на работниот дел
  1. Конференциски услуги

Сала

  • Конференциска сала со капацитет за 23 лица
  • Термини: 23 и 24 декември (2 дена)
  • Распоред на седење: во П-форма

Опрема и техничка поддршка

  • Проектор и платно/LED екран
  • Озвучување со безжични микрофони
  • Камери и целосна техничка поддршка за реализација на хибриден настан преку ZOOM (пренос во живо и вклучување на учесници онлајн)
  • Флипчарт и маркери

Дополнителни информации

Ве молиме понудата да ја доставите во износ без вклучен ДДВ.

Вклучете информации за услови на плаќање и евентуални попусти.

Потребна документација за аплицирање

Понуда со цена

  • Детална финансиска понуда по ставки (сместување, ручек, кафе-паузи, изнајмување сала, опрема и техничка поддршка), со фотографии од просторот.
  • Наведена цена по лице/услуга и вкупна цена (нето и бруто, со вклучен ДДВ).

Опис на услугите

  • Детален опис на хотелските услуги (тип на соби, мени, организација на оброци, кафе-паузи).
  • Опис на конференциската сала и техничката опрема за хибриден настан.

Регистрациски документи на компанијата

  • Тековна состојба/извод од Централен регистар.
  • Даночен број (ЕМБС и ДДВ број ако е обврзник на ДДВ).

Општи услови

  • Политика за резервации и откажување.
  • Услови на плаќање.
  • Информации за евентуални попусти или дополнителни трошоци.

Критериуми за селекција

  • Вкупна цена на понудата со калкулација по ставки
  • Услови на плаќање
  • Квалитет на понудата на услуги (сместување, исхрана и сл.)
  • Адекватност на салата (капацитет, распоред на седење, природна светлина/вентилација)
  • Квалитет и достапност на опремата (проектор, озвучување, интернет конекција, камери за ZOOM)
  • Обезбедена техничка поддршка на лице место
  • Пристапност на локацијата (транспортни врски, паркинг простор)

Начин и рок за аплицирање

Потребната документација да се достави во PDF формат по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан за проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

Краен рок за доставување на документите е 30 септември 2025 година.

Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан