Во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за организација на Средба (брифинг) со претставници на медиумите со предвиден број од 10 учесници, на 28 април 2026 година.

  1. Предмет на јавниот оглас

Организација на Средба (Брифинг) за претставници на медиумите со предвиден број од 10 учесници, која ќе ги содржи следните компоненти:

  • Изнајмување на сала со соодветен капацитет за 10 учесници во временски период од 2 часа  на 28.04.2026 година. Неопходно е салата да има соодветен простор за поставување на камери и давање на изјави за медиумите;
  • Коктел за сите учесници (10 лица);
  • Безалкохолни пијалоци: вода, сок, кафе за сите 10 учесници за време на настанот.
  1. Право на учество

Право на учество имаат правни лица кои располагаат со соодветни сали за организирање на настани и можат да ги обезбедат горенаведените услуги.

  1. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

  • Опис на салата;
  • Мени за коктел со вклучена цена (без ДДВ) по лице ;
  • Вкупна цена за изнајмување на сала (без ДДВ)
  • Цена за безалкохолни пијалоци: вода, сокови, кафе и сл за време на одржување на настанот (без ДДВ);
  • Контакт информации на понудувачот.

Напомена: Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ

Понудите треба да се достават најдоцна до 21.04.2026 година, на е-пошта: bpavlovski@esem.org.mk или esem@esem.org.mk.

  1. Критериуми за избор
  • Најповолна вкупна цена;
  • Квалитет на понудените услуги и простории;
  • Локација и достапност на објектот.

Проектот се спроведува во партнерство помеѓу Здружение ЕСЕ,  ХЕРА, Заедно посилни и Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, а е финансиран од Швајцарската развојна агенција преку програмата Цивикамобилитас.