Семејното насилство не само што предизвикува физички и емоционални трауми, туку и значителни економски последици за жените кои често се занемаруваат. Жените што претрпеле семејното насилство се соочуваат со долготрајни финансиски тешкотии дури и по напуштањето на насилната заедница. Овие трошоци вклучуваат загубени приходи, здравствени трошоци, трошоци за преселба и други видови на трошоци. Финансискиот товар често ги оневозможува жените да ги задоволат своите и потребите на своите деца, дополнително зајакнувајќи ја нивната економска зависност и ограничувајќи го нивното целосно закрепнување.

Овој извештај ги анализира различните финансиски трошоци што ги претрпеле 52 жени жртви на семејно насилство, кои се кориснички на Центарот за правна помош на ЕСЕ. Преку структуирани интервјуа, студии на случаи и анализа на секундарни податоци, извештајот ја нагласува економската димензија на семејното насилство и итната потреба од системски мерки. Со решавање на овие предизвици, можеме да обезбедиме не само заштита на жените од идно насилство, туку и нивна економска стабилност и благосостојба на нивните деца.

Анализа за трошоци како резултат на семејното насилство