Независноста на правосудството и неговата способност да постапува без несоодветно влијание од извршната власт се меѓу клучните предизвици утврдени во Индексот за владеење на правото за 2026 година на World Justice Project.

Според резултатите, состојбата во граѓанската правда се влошила во 64 % од анализираните земји, а во кривичната правда во 58 % од земјите. Како значаен фактор за овие негативни трендови се издвојува несоодветното влијание и мешањето на извршната власт во работата на правосудните институции.

Истовремено, во 63 % од земјите е забележано влошување на показателот што ја мери способноста на судството да ја ограничува власта. Ова укажува на ослабување на еден од основните механизми за контрола на владините овластувања и заштита од нивна злоупотреба.

Независноста на правосудството не е само прашање на институционална организација. Таа е предуслов граѓаните да можат да побараат заштита на своите права и да очекуваат нивните случаи да бидат разгледани непристрасно, врз основа на законите и фактите, без политичко или друго недозволено влијание.

Кога судовите не се доволна независни и немаат можност ефективно да ја контролираат законитоста на постапувањето на власта, се намалуваат и гаранциите за заштита на граѓаните од незаконско и самоволно постапување.

Наодите на World Justice Project ја нагласуваат потребата за зајакнување на институционалната независност, транспарентноста и механизмите за отчетност, како суштински предуслови за ефективна правна заштита на граѓаните.

Извор: World Justice Project (2026). WJP Rule of Law Index 2026. https://worldjusticeproject.org/rule-of-law-index/downloads/WJPIndex2026.pdf