Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски, социјален, етнички или расен статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан одФранцуската Развојна Агенција – Expertise France.

  • Ангажман и работни задачи

Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за реализација на две задачи во рамки на проектот “Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата”:

Задача 1: Подготовка на прашалник за спроведување на анкета преку телефон со компјутерска асистенција (CATI) на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници (мажи и жени) низ цела Северна Македонија, со цел да се соберат репрезентативни, родово раздвоени податоци за искуствата и перцепциите на граѓаните за корупцијата во здравствениот сектор во рамки на проектот.  Толкување на податоците од истражувањето врз основа на развиен технички извештај и развивање на препораки за унапредување на состојбата. Презентација на наодите пред мулти-секторската работна група (подготвена презентација и усно излагање на наодите и препораките од извештајот пред работната група).

Задача 2: Подготовка и спроведување на клучни активности поврзани со развој и имплементација на активности со цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации и жените во однос на препознавање, спротивставување и пријавување на корупција во здравството. Активностите и продуктите треба  се засноваат врз основа на наодите од претходно спроведените истражувања спроведени во рамки на проектот “Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата”.  Конкретните задачи вклучуваат:

  1. Развивање и подготовка на сеопфатна родово сензитивна програма за обука и прирачник што опфаќа препознавање, спротивставување и пријавување на коруптивни практики.
    • Дизајнирање и подготовка на пет клучни модули за обуката за обучувачи (корупција во здравството, родови димензии и ранливост, препознавање и спротивставување на корупција, механизми за пријавување и заштита на укажувачи, вештини за фасилитација).
    • Подготовка на краток опис за механизмите за пријавување на антикорупција, вклучувајќи надлежности и начин на постапување, согласно Законската регулатива и во пракса.
    • Опис на примери на добра пракса, вклучително и поврзување на примерите со постапувања по однос на антикорупцијата во здравството.
    • Изработка на лесно разбирлив прирачник за учесниците на обуката на обучувачи.
  2. Спроведување на обука на обучувачи (ToT)
    • Спроведување тридневна обука за обучувачи (ToT) за 16 претставници на граѓански организации, кои ќе спроведуваат едукативни работилници со жени.
    • Обезбедување методологија и практични алатки за обучувачите од граѓанските организации за спроведување локални едукативни работилници со жени.

Експертот при спроведување на задачите потребно е да се координира и биде во тесна соработка со останатите експерти кои се ангажирани на проектот, како и да обезбеди експертиза и поддршка во спроведувањето на нивните задачи.

  • Очекуван резултат

Задача 1:

  • Подготовен прашалник за спроведување на анкета преку телефон со компјутерска асистенција.
  • Подготвен извештај со препораки базирани на истражувањето.
  • Подготвена презентација и усно излагање на наодите и препораките од извештајот пред работната група

Задача 2:

  • Подготвени пет клучни модули за обуката за обучувачи (корупција во здравството, родови димензии и ранливост, препознавање и спротивставување на корупција, механизми за пријавување и заштита на укажувачи, вештини за фацилитација).
  • Подготвен краток опис за механизмите за пријавување на антикорупција, вклучувајќи надлежности и начин на постапување.
  • Подготвени примери на добра пракса по однос на антикорупцијата, со фокус на здравството.
  • Подготвен прирачник за учесниците на обуката за обучувачи, претставници од граѓански организации.
  • Спроведена обука за обучувачи врз основа на претходно подготвените материјали.

 

  • Квалификации
  • Универзитетска диплома во области како општествени науки, јавна администрација, право, здравство, едукација или сродни области (магистерски и докторски студии ќе се сметаат за предност).
  • Дополнителни сертифицирани обуки во област на едукација за возрасни, развој на наставни програми или фацилитација ќе се сметаат за предност.
  • Минимум 5 години работно искуство во областа на антикорупција.
  • Претходно искуство во спроведување на истражувања во областа на антикорупција
  • Претходно искуство во спроведување на обуки/едукација од областа на антикорупција.
  • Докажано искуство во работа со граѓански организации во области на антикорупција, родова еднаквост, јавно здравствени политики, или човекови права.
  • Способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим.

1.4. Вештини и компетенции:

  • Одлични аналитички и истражувачки способности, со можност за интегрирање на родова перспектива.
  • Високо развиени комуникациски и фасилитаторски вештини.
  • Способност за подготовка на едукативни материјали од областа на антикорупција, адаптирани за различни групи од населението.

1.5.  Буџет и времетраење

За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 2.833 евра (бруто износ).

 Ангажманот е предвиден да трае 3 месеци и започнува на 01 септемви 2025 година, со следната временска рамка:

  • Септември 2025 година: Подготовка на прашалник за спроведување на анкета преку телефон со компјутерска асистенција (CATI)   .
  • Јануари и февруари 2026 година: Развивање и подготовка на сеопфатна родово сензитивна програма за обука и прирачник што опфаќа препознавање, спротивставување и пријавување на коруптивни практики.
  • Февруари 2026 година: Спроведување на обука на обучувачи (ToT) за претставници на граѓански организации

1.6. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо(до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
  • Биографија (CV)со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни проекти/анализи поврзани со антикорупција, јавни политики, здравство или родови прашања.
  • Листа на изработени документи/извештаи/аналитички трудови(со краток опис на содржината и годината на изработка).

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од област на антикорупција за проектот Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ најдоцна до 10 септември, 2025 година.

Повик за ангажман на експерт/експертка од област на антикорупција