Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ е партнер во спроведување на проектот поддржан од Амбасадата на Република Франција, насловен „Соработка во областа на здравството со Северна Македонија“ чија главна цел е унапредување на свесноста и застапувањето за перинаталното ментално здравје.

1. Ангажман и работни задачи

Експертот/експертката ќе биде задолжен/а за реализација на две задачи во рамки на проектот, и тоа:

Задача 1: Подготовка на теми и содржини за едукација за унапредување на менталното мајчино здравје. Подготвениот материјал ќе биде дел од прирачникот за обука за жени кои се во периодот на бременоста и жени во периодот по породувањето. Прирачникот ќе послужи на едукатор, кој ќе ја спроведе здравствената едукација помеѓу жените. Едукацијата е наменета за сите жени, со посебен фокус на жени од ранливите категории, вклучително жени кои живеат во неповолно социо-економски услови, жени Ромки и жени од рурални средини. Во таа насока содржината на прирачникот е потребно да биде подготвена на начин кој е лесно разбирлив за општата популација.

Задача 2: Подготовка на два (2) едукативно информативни материјали за жените на тема унапредување на менталното мајчино здравје. Секој едукативен материјал треба да биде подготвен на најмногу две страни, односно четири страни за двата едукативни материјали, потребно е да содржи клучни и кратки информации поврзани со здравјето на мајката за време на бременоста и по породувањето.

2.Очекуван резултат

Задача 1:

  • Подготвен прирачник за обука за унапредување на менталното мајчино здравје.

Задача 2:

  • Подготвени два (2) едукативни материјали наменети за жените. Секој едукативен материјал да содржи две страни, со кратки и клучни информации поврзани со унапредување на менталното мајчино здравје.

3. Квалификации

  • Доктор специјалист по психијатрија или психолог.
  • Минимум пет години работно искуство во областа на психијатрија или психологија.
  • Претходно искуство во подготовка на здравствено едукативни материјали.

4.  Буџет и времетраење

За овој ангажман е предвиден финансиски надомест како хонорар во износ од 600 евра (бруто износ).

 Ангажманот е предвиден да трае еден месец од денот на потпишување на договорот.

5. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратко мотивациско писмо(до 1 страница) со објаснување на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
  • Биографија (CV)со јасно наведено образование, професионално искуство и референтни публикации.

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за ангажман на експерт/експертка од областа на унапредување на менталното мајчино здравје“ најдоцна до 26 септември, 2025 година.

Повик за ангажман на експерт/експертка од областа на унапредување на менталното мајчино здравје