Превентивните програмите на Министерството за здравство на Република Северна Македонија играат значајна улога во обезбедување здравствена заштита на ранливите групи и намалување на здравствените нееднаквости.

Партнерските граѓански организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и поддршка преку програмата ЦИВИКА Мобилитас, подготвија четири анализи од спроведениот мониторинг на четири превентивни програми на Министерството за здравство, и тоа: Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања и Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата – во делот на покривање на трошоците за партиципација за жените за време на бременоста, породувањето, како и за партиципација за доенчињата. Анализите на превентивните програми се направени со цел да се идентификуваат клучните предизвици и слабости во спроведувањето на овие програми, како и да се предложат конкретни препораки за нивно унапредување, со цел зголемен опфат и унапредена превентивна здравствена заштита на ранливите групи од населението…

Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи – Наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено превнтивни програми на министерството за здравство

Promovimi i kujdesit shëndetësor parandalues për grupe të rrezikuara gjetje dhe – Rekomandime nga monitorimi i katër programeve parandaluese shëndetësore të ministrisë së shëndetësisë  (верзија на албански)