Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Kога местото на живеење го одредува здравјето - Пристап до примарна здравствена заштита за руралното население во Република Северна Македонија

Kога местото на живеење го одредува здравјето - Пристап до примарна здравствена заштита за руралното население во Република Северна Македонија

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените стратешки ја ориентира својата работа кон вклучување на граѓаните во процесите на планирање, на имплементација и на евалуација на политиките и услугите за остварувањето на основните човекови права, посебно на човековите права на маргинализираните групи од населението.

Правото на здравје е регулирано во Уставот и законите на Република Северна Македонија, како и во меѓународните документи. Притоа фундаменталните принципи на примарната здравствена заштита (ПЗЗ), согласно Светската здравствена организација, е дека сите луѓе насекаде имаат право да остварат највисоко ниво на здравје и здравствена заштита без тешкотии. Примарната здравствена заштита подразбира дека здравствениот систем ги адресира потребите и преференциите на секој поединец, вклучувајќи ја здравствената промоција, превенција на заболувањата, третман, рехабилитација, палијативна грижа итн. Примарната здравствена заштита се смета како најинклузивен, правичен и рентабилен начин за постигнување универзална здравствена заштита, односно поединецот да ја добие здравствената заштита во време кога му е потребна, на местото каде што му е потребна, а при тоа да не се соочи со финансиски и останати тешкотии во обезбедувањето на здравствената заштита.

Преку долгогодишната работа на остварување на правото на здравје на ромската заедница и останатите маргинализирани групи, во многу наврати ги идентификувавме и ги документиравме проблемите и бариерите со кои се соочуваат во остварувањето на правото на примарната здравствена заштита. Податоците со кои располагаме преку спроведените истражувања и секојдневната теренска работа на нашите партнерски граѓански организации укажуваат дека во нашава земја сè уште не е постигната универзалната здравствена заштита на примарно ниво за ранливите и маргинализираните групи на населението.

Засновајќи се на претходната работа, спроведовме истражување со цел да утврдиме со кои предизвици се соочува руралното население во остварување на примарната здравствена заштита, односно до кој степен е реализиран принципот на универзална здравствена заштита на примарно ниво за ова население. Истражувањето се фокусираше на проценка на бариерите и потребите на руралното население воопшто при што посебен дел беше посветен на жените, на мајките и на децата како особено ранлива група од населението. Преку анкетно истражување и дискусии во фокус групи, жителите на руралните средини имаа можност да ги искажат предизвиците и потребите во однос на пристапот до примарната здравствена заштита.

Имајќи предвид дека наодите од истражувањето произлегуваат од самото рурално население, и жените, и мајките, и децата како ранливи групи претставуваат основа за планирање и унапредување на здравствената заштита на руралното население на примарно ниво. Соодветно на премисата за постигнување на универзална здравствена заштита, во унапредувањето на примарната здравствена заштита покрај здравствениот сектор потребно е да се вклучат и сите останати релевантни институции на локално ниво со цел да се адресираат и бројните социјални детерминанти што имаат негативно влијание не само врз здравјето туку и врз пристапот до здравствената заштита на ова население.

 

 

 
            

 

 

 

 
   
 
 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre