Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Живoт на периферијата - Студија за изложеноста и влијанието на еколошките ризици врз здравјето и животната средина на Ромите - Жители на сиромашните, неформални населби во општините Шуто Оризари, Куманово, Прилеп, Виница, Делчево и Пехчево

Живoт на периферијата - Студија за изложеноста и влијанието на еколошките ризици врз здравјето и животната средина на Ромите - Жители на сиромашните, неформални населби во општините Шуто Оризари, Куманово, Прилеп, Виница, Делчево и Пехчево

Овој документ претставува сеопфатна анализа на утврдените состојби и на предизвиците од сеопфатното мултисекторско истражување „Изложеноста и влијанието на еколошките ризици врз здравјето и животната средина на Ромите“ спроведено во периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година во 13 сиромашни, неформални ромски населби лоцирани во пет градови и едно село во Северна Македонија. Населбите беа избрани врз основа на претходното учество на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ во истражувања за состојбата на Ромите на тие локации и на достапните информации за здравствената состојба на локалното ромско население.

Со истражувањето беа собрани цела низа квалитативни и квантитативни информации преку анкетирање на:

  • претставници на општинската администрација на општините на чија територија се наоѓаат ромските населби опфатени со истражувањето: Шуто Оризари, Куманово, Прилеп, Виница, Делчево и Пехчево
  • 2.171 претставник на домаќинствата кои живеат во тие населби.

Собраните информации се однесуваат на податоци за:

  • основните карактеристики на ромските населби (карактер на населеното место во кое се наоѓа ромската населба, име на населбата, локација и правен статус - постоење на урбанистички/просторни планови за локацијата каде што се наоѓа ромската населба);
  • основните карактеристики на ромските домаќинства опфатени со истражувањето (видови домаќинства, времето на континуирано живеење во населбата и постојната здравствена состојба на членовите на домаќинствата);
  • специфичните еколошки ризици кои влијаат на непосредната животна средина на ромските населби (близина на депонии за отпад, напуштени индустриски локации или области подложни на поплави, на загадување на воздухот, на нечистотија или на други еколошки проблеми во локалното подрачје како што се: чад, прав, непријатен мирис или загадена вода и др.) и
  • специфичните еколошки ризици предизвикани од условите за домување, за работење (квалитет на градбата на станбената единица; недостаток на основни комунални услуги и други ризици по здравјето).

Наодите презентирани во овој документ можат да послужат како појдовна основа за утврдување, за имплементација и за следење на идните политики и мерки за борба против недостатоците од животната средина и промовирање на еколошка правда, како и за намалување на јазот меѓу Ромите и општата популација на подрачјето на општините во кои беше спроведено истражувањето.

 

 
            

 

 

 

 
   
 
 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre