Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Национална конференција „Живот на периферијата”

Национална конференција „Живот на периферијата

Хотел Мериот, Скопје, 12 декември, 2022 година

Клучни фактори од животната средина кои имаат најголемо влијание врз појавата на хронични и акутни заболувања кај Ромите се загаденост на амбиенталниот и внатрешниот воздух (употреба на несоодветни и штетни горива, и пушењето); вода, санитарни услови и хигиена (немање вода за пиење, неквалитетна вода за миење и готвење, споделување на тоалет со други); управување со отпад (живеење до диви депонии); урбанизација и инфраструктурни услови (ѕидови и покриви од примитивни, природни или пак нестандардни материјали, и постоење на мувла или влага); и ризик при работа (директен контакт со отпад и отпадни води и изложеност на високи температури).

Во РСМ повеќе од 12 години дишеме шест пати по загаден воздух од дозволениот просек.....

Како резултат на континуирана изложеност на загаден воздух и комбинацијата на другите социо – економски фактори, нашите сограѓани умираат од болести на циркуларниот систем (инфаркт, мозочен удар итн.) и болести на респираторниот систем пет пати повеќе од граѓаните во земјите од ЕУ, како и од малигни заболувања за една третина повеќе од земјите од ЕУ.  А пак, 60 % од Ромите имале акутно респираторно заболување во последните два месеци (кашлица, болки во грло, воспаление на бели дробови, бронхит итн.).

Истражувањето, прво од ваков вид во земјата, покажува дека речиси сите Роми се изложени на еден или на повеќе од еден ризик фактор по здравјето кој произлегува од неповолните услови за домување, внатрешното загадување, небезбедните извори на вода за пиење, небезбедните начини за отстранување на отпадни води, небезбедните начини за отстранување на цврстиот отпад од домаќинствата, како и изложеноста на ризиците на работното место. А пак, во најголем број на домаќинства членовите се изложени на два до седум ризици секојдневно. Колку е поголем бројот на ризик фактори во домаќинствата, толку е поголем и процентот на лица од домаќинството кои боледуваат од хронични заболувања.

   Земјите во светот работат на подобрување на животната средина и унапредување на здравјето и благосостојбата на нивните граѓани секојдневно... Кај нас, животната средина и здравјето на граѓаните, особено на Ромите и ранливите групи се прашања од маргинален интерес и во пракса се преземаат незабележителни чекори, кои на краток рок воопшто нема да дадат резултати, а долгорочно ќе резултираат со задоцнети промени и ефекти..

Истражувањето за изложеноста и влијанието на еколошките ризици врз здравјето и животната средина на Ромите - жители на сиромашните, неформални населбибеше спроведено во 13 сиромашни, неформални ромски населби, лоцирани во пет градови и едно село во Северна Македонија. Со истражувањето беа собрани цела низа квалитативни и квантитативни информации, преку анкетирање на:

  • 2.171 претставник на исто толку домаќинства кои живеат во тие населби.
  • претставници на општинската администрација на општините Шуто Оризари, Куманово, Прилеп, Виница, Делчево и Пехчево

Ова истражување, е прво од ваков вид и се надеваме дека истиот ќе послужи за насочување на јавните политики на национално и особено на локално ниво со цел:

  • да се подобри здравјето и благосостојбата на Ромите кои живеат во сиромашните, неформални населби во Северна Македонија и
  • да се постигнат целите и таргетите на кои се обврзала нашата земја со потпишување на мултинационалните меѓународни договори за одржлив развој и борбата против климатските промени во коjа „никој нема да биде изоставен“.

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre