Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за изнајмување на сала за организирање на Погон - Социјален камп

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА САЛА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОГОН - СОЦИЈАЛЕН КАМП

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.

Кон што се стреми?

www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, Pogon има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ).

Како (на кој начин) им помагаме на жените кои претрпеле семејно насилство?

  • Обука на жени кои претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • Обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • Помош при пласирање на производите под брендот на Pogon.
  • Профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за прибирање на понуди за сала за организирање на ПОГОН социјалниот камп. Кампот ќе се одржи во периодот за периодот од 21-23.04.2023 година.

 

За потребите на организирањето на ПОГОН социјалниот камп потребна ни е понуда за:

- Сала со капацитет од 34 лица.

 

Понудувачите треба да ги исполнат следните критериуми:

-  Оценка од гости согласно Google reviews;

- Најниска цена.

 

Понудата треба да се состои од:Детална писмена понуда, која ќе вклучува и детална финансиска конструкција на понудата изразена во МКД. Цените во понудата треба да бидат изразени без ДДВ или било какви други давачки.  

 

Понудите да ги доставите најдоцна до 31.01.2023.

 

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со набавката Ве молиме да не контактирате во пишана форма на следниот e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

 

                             

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre