Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за ангажман на лице/компанија/конзорциум за градење на вештини на жените што претрпеле насилство за изработка на дизајнерски продукти и водење на бизнис и продажба

Повик за ангажман на лице/компанија/конзорциум  за градење на вештини на жените што претрпеле насилство за изработка на дизајнерски продукти и водење на бизнис и продажба

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ. www.pogon.mk  е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, ПОГОН има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ). Преку ПОГОН на им помагаме на жените што претрпеле семејно насилство, на следниот начин:

  • обезбедување на обуки на жени што претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
  • обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
  • помош при пласирање на производите под брендот на ПОГОН.
  • профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените што претрпеле семејно насилство.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на лица/компанија/конзорциум за градење на вештини на жените што претрпеле насилство за изработка на дизајнерски продукти и водење на бизнис и продажба.

 

Односно, повикот се однесува на:

1.     Ангажирање на една жена од Крушево за презентирање на знаења и вештини стекнати преку управување со сопствен бизнис (ракотворби, домашни производи и храна) во месец април 2023 година – бруто надоместот ќе изнесува 13.125 денари.

2.     Ангажирање на лица/компанија/конзорциум за спроведување на обука и менторство за изработка на накит и кроење и шиење на облека (по еден за секоја област).

– обуката и менторството за кроење на облека се однесува на период од март до јуни 2023 година – бруто надоместот за  оваа обука и менторство би изнесувал  ќе изнесува 29.980денари, а би бил во времетраење од 3 дена (два дена обука и еден ден менторство)

– обуката и менторството за шиење на облека се однесува на период од март до јуни 2023 година – бруто надоместот за  оваа обука и менторство би изнесувал  ќе изнесува 29.980 денари, а би бил во времетраење од 3 дена (два дена обука и еден ден менторство)

– обуката и менторството за  изработка на накит се однесува на месец април,мај и јуни - бруто надоместот за  оваа обука и менторство би изнесувал  ќе изнесува 29.980 денари, а би бил во времетраење од 3 дена (два дена обука и еден ден менторство).

 

Извршителите треба да бидат носители на сопствен бизнис (може и формален и неформален бизнис) и да имаат искуство во презентирање и спроведување на обука.

Заинтересираните извршители под точка еден треба да достават краток опис на својот бизнис и своето искуство како претприемачки (најмногу половина страница). А пак, извршителите под точка два треба да достават краток опис на својот бизнис и своето искуство како претприемачки (најмногу половина страница) и листа на спроведени обуки (најмногу половина страница).

Материјалите кои ќе се развијат како резултат на овој ангажман остануваат во сопственост на Здружението ЕСЕ и истите ЕСЕ може да ги користи во своите редовни активности.

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  со назнака „Повик за обука за накит, облека и бизнис”, најдоцна до 23 февруари 2023 година.

 

                             

 

 

 

 

 

COPASAH Europe

Domestic Violence

Health Rights

Fiscal Transparency

Legal Aid Center

Health Information Centre