На 20 декември, 2023 година Здружението ЕСЕ организираше вебинар на тема “Пристап до правда преку стратешко застапување”. Вебинарот се реализираше во рамки на редовните активности на COPASAH Europe мрежата и беше наменет за членовите на оваа мрежа.
На вебинатор зборуваа Дарко Антиќ од ЕСЕ, Томас де Јонг од EPHA, и Еуген Гита од RomaJust. Дарко даде осврт на целите и работата на COPASAH Europe, Томас зборуваше за примената на стратешкото застапување во насока на унапредување на пристапот до правда за маргинализираните заедници и начинот на кој може да се спроведува стратешкото застапување на ниво на Европа, и Еуген зборуваше за начинот на кој организацијата спровела стратешко застапување во случајот „Barbulesti” како и предизвиците во спроведувањето.
Вебинарот беше проследен од 18 претставници на граѓански организации од Европа, членки на COPASAH Europe мрежата.
Вебинарот можете да го проследите на следниот линк: COPASAH Europe – Webinar - Access to Health through Strategic Litigation (youtube.com)